НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Та неа тврди Коѕијас доаѓа во Скопје на 22 и 23 март

1
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: документо.гр
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та неа“, пренесува МИА.

Во текстот под наслов „Со мало задоцнување Коѕијас во Скопје“, новинарот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.

– Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира. Исходот од разговорите во Скопје ќе биде важен во пресрет на следната планирана средба на Коѕијас и Димитров со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, пишува „Та неа“.

Според весникот, во фокусот на предлозите за кои што ќе се разговара ќе се најде и прашањето со Уставот и начинот на имплементација на договорот за да се дозволи доделување датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО на Самитот во јули.

Катимерини пак, во денешното издание објавува дека посетата на Коѕијас е одложена на недоредено време, поради забавувањето на процесот на преговори. Всникот наведува дека можно е посетат да не се оствари во март.

Шефот на македонската дипломатија дипломатијата Никола Димитров вчера не прецизираше кога ќе дојде во Македонија неговиот грчки колега Никос Коѕијас кој треба да ја донесе грчката нацрт спогодба за решавање на спорот.

– Во тек е усогласување меѓу нашето Министерство, тоа на Грција и Канцеларијата на медијаторот Метју Нимиц, во контекст на неколку датуми и следни чекори. Штом тоа се затвори, јас очекувам тоа да биде кон крајот на неделава, синхронизирано, истовремено ќе биде запознаена јавноста и кај нас и кај нив точно за тоа кога претстои таа посета, кој ќе биде следен чекор, рече Димитров, додавајќи дека не е добро јавно да се пласираат сите информации.

Косујас посета Скопје Та неа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.