Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мичел: САД се и ќе бидат ангажирани во процесот за името

1
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 13, 2018 14:37

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска во Скопје ја повтори поддршката за решавање на спорот со Грција за уставното име, но нагласи дека тоа единствено може да биде постигнато во преговори меѓу двете земји.

„САД веќе извесно време се вклучени и ќе продолжиме да бидеме вклучени во овој процес. Мислам дека треба да научиме од претходното искуство дека треба да го искористиме времето и расположението во вистински околности. Ве уверувам дека имаме активен интерес, стратегиски и политички за сите принципиелни прашања на Балканот во однос на НАТО и ЕУ перспективите. Можете да видите силна определба на САД, лично и целата администрација да им помагаме на двете страни. Истовремено, истакнуваме дека единственото трајно решение е она што ќе го постигнат двете страни меѓусебно и во таа насока ги охрабруваме во однос на чекорите што ги преземаат и Македонија и Грција. Сакаме да бидеме поддршка на вистински начин. Ова не е одлука што ние може да ја донесеме за вас или за Грција. Мислиме дека сте на вистинскиот пат и ве охрабруваме. Можам да ве уверам дека ги имате и нашата поддршка и нашата вклученост“, рече Мичел, на заедничката прес конференцијата со премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку преговарачкиот процес се комплицира, САД ќе се вклучат во него.

И премиерот Заев, одговарајќи на прашањето, дали очекува „американска помош“, рече дека помош од пријател е секогаш добредојдена, но само на принципиелен начин.

„Прашањето трае 25 години, тоа е тешко, чувствително и мачно и кога е така, убаво е да ги повикате пријателите. Секој пријател кој може да помогне, вклучително и Грција, бидејќи и Грција е пријател на Македонија, е од помош, а посебно стратешките пријатели како што се САД. Ние со Бугарија билатерално го решивме прашањето и продолжуваме билатерално. Дај Боже да можеме на нашите стратешки парнери да можеме да им соопштиме дека е најдено прифатливо решение за двете страни со зачувување на достоинството и дигнитетот на двете страни. Јас тоа го очекувам. Но секако ако е потребна помош јас очекувам помош од пријателите на принципиелен начин: да ги охрабри двете страни да се изнајде решение за да можат конечно и граѓаните на двете страни да го дочекаат бенефитот и придобивките од ваквото решение“, изјави Заев.

Мичел од вчера е во посета на Балканот која ќе трае до 17 март. Вчера беше во Приштина, а ќе ги посети и Белград, Атина и Никозија.

Тој на оваа позиција дојде како наследник на Викторија Нуланд.

Заев името Мичел посредство преговори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.