Европската комисија очекува по усвојувањето на Законот за јазиците вчера, тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во Планот “3-6-9”, вели за НОВА портпаролот Маја Коцијанчич.
-Спроведувањето на законот треба да биде во согласност со европските стандарди и практики. Сега очекуваме Парламентот да се фокусира на реформите во спроведување на ЕУ агендата, се вели во реакцијата во врска со донесувањето на Законот за јазиците.