Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески смета дека јавното обраќање на четворицата обвинителит во врска со алучајот со малиот Алмир е „непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија“.
-Нивната постапка ја доведува под сериозно сомневање независноста, непристрасноста, лојалноста и достоинството на јавниот обвинител, бидејќи нивниот настап е предизвикан од други цели кои не се поврзани со извршување на јавнообвинителската функција, се вели во писмената изјава на Јовески објавена на веб страницата на ЈОРМ, во која тој ја осудува постапката на обвинителите.
-Јавните обвинители во вршењето на функцијата не смеат да дозволат да бидат надвладеани од субјективни мислења и проценки, од притисокот на јавноста или политиката. Законот за секого и во секој предмет е еднаков за сите, без оглед на национална, верска или политичка припадност и така треба да се применува, истакнува Јовески.
Тој смета дека со соопштението од јавните обвинители директно е нарушена функцијата јавен обвинител и се настојува да се влијае во одлуките по предметот, бидејќи тие конкретно не постапуваат по тој предмет и не можат во јавност да изнесуваат ставови што не добиле верификација на Колегиум.
Најавува дека за нивната постапка ќе се расправа Колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија, а ќе побара нивното однесување да го преиспита Етичкиот Совет на јавните обвинители.
Во врска со самиот предмет, Јовески смета дека е постапено законски.
-Предметот во детали е рефериран и разгледуван на колегиум на Вишото јавно обвинителство Скопје и на Проширен колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија, при што се оцени дека во кривичниот предмет е постапено во согласност со Законот за кривична постапка, Законот за јавно обвинителство и начелата во работењето на јавното обвинителство, истканува Јовески во писмената изјава.
Четворица обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска преку соопштение се изјаснија дека во случајот познат во јавноста за малиот Алмир сметаат дека „со преквалификација на кривичното делот Убиство предвидено во член 123 ст.2 т.3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во вв со член 297 ст.1 од КЗ на РМ како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторена повреда на основните начела за Законот за јавно обвинителство како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓаниниот кои воедно се и основни темелни вредности н Уставот на РМ“.