НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕЛЕМ тврди: Штетите од невремето во Охрид не можеа да се спречат

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штетите што настанаа од невремето во Охрид не можеле да се спречат и доколку ЕЛЕМ овозможел максимален испуст на вода од Езерото преку Црн Дрим, тврди Тони Маркоски, раководител на сектор во ХЕС Црн Дрим.

Според него, максималниот испуст што може да се направи од езерото е 75 метри кубни во секунда, а деновиве во Охридското Езеро има прилив од 140 метри кубни во секунда вода или на дневно ниво водостојот на езерото расте за два сантиметри.

Како што истакна Маркоски, веќе месец и пол двете хидроцентрали на ХЕС Црн Дрим, ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје работат со полн капацитет и го испуштаат максималното дозволеното ниво на вода што може да пројде низ турбините, а за да се испушти вода низ прелицните испусти потребна е дозвола од Министерстовто за животна средина и другите надлежни органи.

– Улогата на ХЕС Црн Дрим е да го регулира нивото на води и да балансира меѓу нивото на Охридското Езеро, но и нивото на Црн Дрим кое може да предизвика поплави во Струшко поле и во селата покрај реката. До 1965 година Охридското Езеро воопшто не беше регулирано, а откако почна регулацијата е спречено поплавувањето, рече Маркоски.

Тој нагласи дека за количината вода што се испушта од Езерото, ХЕС Црн Дрим добива насоки и од ЦУК Струга и ЈП „Проаква“ за да се спречи евентуално загадување на подземните води и на изворите за вода за пиење.

Регулирањето на езерото е меѓу максимално дозволената кота 694 и 693,10, но на барање е прифатено минималното ниво на езерото да биде 693,17 што ние го почитуваме, рече Маркоски.

Нагласи дека и во 2011 и во 2013 година Езерото било над максималната дозволена кота од 694 метри надморска висина. Денеска нивото на езерото е 693,86 метри надворска висина.

ЕЛЕМ невреме Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.