Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна уште еден потпорен ѕид на Водно

4
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 22, 2018 12:43

Граѓаните, жители на улица „Пандо Кљашев“ во општина Кисела Вода не успеаја да го спречат налетот на тешката механизација на градежната фирма „Хантерс“ која гради четирикатна зграда на еден од малкуте останати простори во населбата во Пржино.

Потпорниот ѕид се урнал рано изутрината по што оваа уличка потона во огромната дупка ископана за да се направи простор за темелите на новата градба по димензии кои треба да ги задоволат апетитите на инвеститорите.

„Во вторникот го блокиравме патот за механизацијата која претходно целосно ја уништи уличката која ни е единствен пристап до нашите домови. Залудни беа нашите апели до полицијата и инспекцијата во Општината.  Им рековме дека потпорниот ѕид не може да го издржи ова и дека ќе падне, а инспекторите ни се смееја. Ова е срамота. Не се трпи мафијата. И еве што се случи од ветувањата на локалните избори дека ќе се спречат ваквите градби“, вели еден од жителите на улицата „Пандо Кљашев“, кој беше излезен заедно со своите вознемирени соседи на местото на настанот.

Градежните работи започнале на почетокот на јануари, уште пред да биде издадена дозволата за градба, која како што се гледа на таблата поставена од инвеститорот, била издадена на 26 јануари, а правосилност добила на 5 февруари.

Утрово, кога стигнавме на местото на настанот, градежните работи на фирмата „Хантерс“ не се одвиваа. Во еден автомобил затворени седеа тројца работници кои не сакаа да зборуваат со нас, ниту пак со жителите. Во обид да добиеме одговор за оваа урбана хаварија, стапивме во контакт со  седиштето на фирмата на улица „Багдадска“. Ја добивме секретарката која ни рече дека нема никој во канцеларијата и дека не знае за што станува збор. На нашето барање да разговараме со  управителот и сопственик на оваа фирма основана во 2001 година, Гоце Тодоровски ни рече дека не знае каде се наоѓа.

 

 

Телефонски стапивме во контакт и со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој ни рече дека оди на местото на настанот за да види за што станува збор и добивме ветување дека по увидот ќе ни одговори на нашите прашања.

 

На заминување од улицата „Падно Кљашев“, минавме и преку малиот мост над каналот кој, како што велат жителите, е следната „жртва“ на градежната механизација, по што улицата ќе остане целосно отсечена од останатата сообраќајна инфраструктура.

Повеќе од ситуацијата на теренот, од фото галеријата.

 

Водно Кисела Вода пропадна улица Хантерс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.