НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алаѓозовски: Воинот на коњ не се отстранува, тоа се шпекулации

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје.

– Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев – Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме некој следен споменик, изјави денеска Алаѓозовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека тие одлуки ги носат трезвено и по долга анализа и дека работните групи за проектот „Скопје 2014“ досега имале изработено неколку елаборати.

– Во моментот кога тие ги предаваат своите елаборати во Министерството, ние понатаму сме во координација со другите надлежни институции кои произлегуваат од предлог заклучоците или од она што е напишано во елаборатите и постапуваме понатаму. Во таа смисла, понекогаш ги контактираме и Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Специјалното јавно обвинителство, како и Општина Центар или Град Скопје доколку и тие на некој начин имаат надлежност во однос на елаборатите и се координираме – проверуваме дали се прекршени законите, дали има други прекршувања на законите. Сето тоа бара време, а понекогаш е потребно да се направат дополнителни елаборати во однос на специфична област, рече Алаѓозовски.

Елаборатот за споменикот Воин на коњ, рече дека им е пристигнат пред повеќе од два месеца и е препратен до сите надлежни институции што ги посочи, додавајќи дека понатаму ќе постапуваат инспекторите од тие органи.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера во интервју за ТВ24 соопшти дека предистражната постапка за „Скопје 2014“ е во тек. Се спроведува финансиска истрага која треба да покаже каде се одлеале парите наменети за проектот.

Јанева најави дека за еден до три месеци е можно СЈО да излезе со детали во јавноста околу постапката.

Алаѓозовски Воин на коњ Јанева СЈО Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.