НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска бара оштета од Германија за жртвите од Втората светска војна

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полските жртви од Втората светска војна треба да добијат 543 милијарди долари од Германија како оштета од Втората светска војна, соопшти синоќа претседателот на полската парламентарна група, која се занимава со репарации.

Претседателот на групата Аркадиуш Муларчик истакна дека по направената експертиза во 1990 година, во Полска имало 13.315,000 лица кои непосредно настрадале од нацистичка Германија. Меѓу нив се оние кои биле одведени во логори на принудна работа, инвалиди, вдовици и сирачиња, како и заболените од туберкулоза поради условите за живот под окупација.

Парламентарната група пресметала дека пред 18 години, сумата за компензација изнесувала 284 милијарди долари, но ако се актуелизира според куповната моќ на доларот во 2017 година, сега изнесува 543 милијарди долари

Муларчик потенцира дека таа сума се однесува само на индивидуалните компензации, а не и репарации. Претходно беше соопштено дека Варшава од Берлин бара дополнителни 850 милијарди долари.

Темата за репарации почна да се разгледува во Полска во јули минатата година.

Тогашниот министер за одбрана Антониј Мачеревич изјави дека од правна гледна точка, Варшава има секаква основа да бара репарации од Берлин.

Германската Влада во повеќе наврати соопштуваше дека не гледа никакви основи за какви и да се плаќања, бидејќи во 1953 година Полска официјално се откажала од репарација. Варшава, пак, тврди дека договорот од 1953 година бил потпишано под притисок на СССР и се однесувал на сега непостоечките Германска Демократска Република и Полска Народна Република.

Аркадиуш Муларчик Германија Полска репарации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.