НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се намалува бројот на болни од туберколоза

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија  во последните десетина години во континуитет постои намалување на вкупниот број новорегистрирани случаи на туберкулоза. Ваквиот пад ја води Македонија кон земји со ниска стапка на инциденца на туберкулоза. изјави денеска Билјана Илиевска Попоска, претседател на Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија, по повод Светскиот ден на туберкулозата – 24 Март.

Според неа, туберкулозата се уште е болест на младата популација, а мажите почесто заболуваат од туберколоза за разлика од жените.

– Во Македонија исто така намалена е и смртноста од туберкулоза. Во 2017 регистрирани се седум смртни случаи од туберкулоза што е значително помалку во однос на 2016 година кога беа регистрирани 21 смтен случај од болеста, рече Илиевска Попоска.

Истакна дека минатата година се бележи значително намалување во однос на детската туберкулоза, односно појава на болеста кај деца од нула до 14 години.

Во Македонија ризични популации за појава на болеста се затворениците, како и лицата кои престојуваат во психијатриските установи, бидејки тоа се затворени колективи каде што инфекцијата може лесно да се прошири.Минатата година во затворите се регистрирани десет нови случаи со тбц, а во психијатриските болници седум нови случаи.

– Постои Национална стратегија за борба против тбц за 2018-2022, каде се вметнати сите активности кои се потребни за туберкулозата да го задржи овој позитивен тренд на намалување и во наредните години да се вброиме во земји со ниска инциденца на болеста, додаде Попоска.

Директорот на ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Предраг Божичковиќ, рече дека во последните десет години со напорите на лекарите и професорите од Институтот, за една третина се намалени случаите на заболени од туберкулоза.

На Светскиот ден на туберкулозата 24 Март се организираат собири се даваат совети и информации до широката јавност, со цел да се проговори за појавата на туберкулозата на глобално ниво, којашто се уште претставува епидемија од светски размери.

Мотото под кое Светската здравствена организација го одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата е „Потребни се лидери за крај на туберкулозата“.

СЗО до 2035 година има поставено цел за искоренување на туберкулозата на глобално ниво.

Македонија Светски ден за борба против туберколоза Статистика туберколоза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.