Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев – Коѕијас: Единственото отворено прашање ќе се реши со компромис

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 23, 2018 15:20

Иднината на Македонија и Грција треба да биде во фокусот на преговорите на двете земји за решавање на спорот со името, е заклучокот од денешната средба на премиерот Зоран Заев со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

– Треба да сме одлучни и да правиме чекори кои не водат поблиску до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција, нагласил Заев на средбата, соопштија од прес службата на Владата.

Заев, кој на средбата беше придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров истакнал дека и оваа средба го зазема своето место како значајна во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Македонија.

Исто така се истакнува дека средбата се совпаѓа со еден исклучително позитивен момент кога се очекуваат трајни решенија за билатералните прашања во регионот во перспектива на очекувањата на ЕУ.

Заев нагласил дека и двете земји за време на процесот практикуваат и негуваат една заедничка, европска вредност, а тоа е взаемното градење на подобри билатерални односи и релации на доверба.

Коѕијас потенцирал дека сегашноста и иднината бараат одговорност за решение на отвореното прашање.

Според него, Грција, како земја членка во НАТО и ЕУ со најстара демократска традиција во регионот, има голема одговорност за решавање на ова прашање и дека мора да се најде компромис прифатлив за двете страни.

Заев Коѕојас посета решение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.