Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Танги: Франција одблиску ги следи случувањата во Македонија

0
By Нова ТВ on March 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 24, 2018 12:28

Лилијана Танги, првата француска пратеничка со македонско потекло во интервју за МИА вели дека Франција одблиску го следи сето она што се случува во Македонија и ја охрабрува земјава да продолжи со спроведувањето на реформите, но и да го подобри функционирањето во Собранието.

Таа додава оти посакува Македонија и Грција да изнајдат заедничко прифатливо решение за спорот со името и истакнува дека е оптимист оти Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, по забележаниот напредок со доаѓањето на новата Влада.

Во врска со парламентарната соработка Танги смета дека парламентарната дипломатија е многу важна за запознавање на двете земји и за воспоставување соработка, а во работата на Парламентот ја издвојува важноста од препознавање и издигнување на националниот и на државниот интерес над партиските.

– Работите никаде не се совршени, во ниту едно Собрание. Во македонското Собрание можеби нема толку честа размена на мислења или дебати, односно би рекла нема конструктивни дебати. Веројатно постои опструкцијата од страна на опозицијата. Од една страна тоа можеби е нормално, но не треба да биде претерано. Во одреден момент ќе треба, пред се да го имаме предвид генералниот интерес, интересот на земјата кој треба да надвладее над партиските интереси – вели Танги.

Таа додава дека во Франција успеале да создадат една политичка сила, која се нарекува Републиката во движење, основана од претседателот на земјата, Емануел Макрон.

– Станува збор за своевидно движење кое успева да ги истакне добрите нешта со кои настојуваме да чекориме кон прогрес и да ги земеме добрите идеи и иницијативи од сите страни без оглед од која политичка партија доаѓаат. Тоа е своевиден нов начин на водење политика, надвор од делувањето на традиционалните партии, каде се обидуваме да бидеме помалку догматични, а повеќе прагматични и секогаш чекорејќи кон вредности, кон напредок и токму постигнувањето на таков прогрес треба да биде нашата вредност – вели Лилијана Танги во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре.

Пратеничката во Националното собрание на Француската Република од редовите на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, престојува во тридневна посета на Македонија.

Танги, која е потпретседателка на Комисијата за европски прашањам задолжена за Балканот и заменик-претседател на групата за парламентарна соработка меѓу Франција и Македонија се сретна со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

 

Лилијана Танги Национално собрание пратеничка Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.