НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 70 отсто од Грците се против терминот Македонија во името

0
By Нова ТВ on March 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 70 отсто од Грците не се согласуваат со име во кое би бил вклучен терминот Македонија, покажуваат резултатите од две различни истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во весници „Катимерини“ и „Прото тема“, пренесува МИА.

Грчкиот институт за истражување и анализа „Дианеосис“, под наслов „Што мислат Грците“, спроведе истражување во периодот од 16 јануари до 5 февруари, а едно од прашањата се однесува и на проблемот за името.

Резултатите ги објави весникот „Катимерини“, а прашањето било формулирано на два начини, суштината иста, но резултатите со разлика од 5,8 проценти.

Првата верзија гласела: „Во рамките на изнаоѓањето решение во прашањето на Скопје, Грција треба“:
– да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што одговориле 65,9 проценти од анкетираните;
– да прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што одговориле 27, отсто од испитаниците.
Во алтернативната формулација пред прашањето бил додаден делот: „По 25 години стабилна грчка позиција во прашањето за името, веќе целиот останат свет нашиот северен сосед го нарекува „Република Македонија“. Одговорите повторно се против терминот Македонија и тоа со поголем процент.

Грција да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“ одговориле 71,7 проценти од испитаниците, додека пак 24,6 отсто рекле дека немаат проблем со сложено име.

Весникот коментира дека одговорот „не“ е толку силен што ги обединува речиси целосно оние што на референдумот во 2015 имаа спротивно мислење, односно ги обединува и поддржувачите на „не“ и поддржувачите на „да“.

Во второто истражување, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“, меѓу другите прашања, анкетираните требале да одговорат и на тоа дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не?“

Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Анализирајќи ги резултатите, весникот коментира дека треба да се забележи дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА.

– Одговорот „не“ е народен, бидејќи добива висок процент низ целата земја, независно од полот или возраста. За споредба, сепак највисок процент на оние што не сакаат компромис, среќаваме во областите Македонија и Тракија (80,5 проценти), на возраст меѓу 35-54 години (79,7 отсто) и кај жените (76 проценти), пишува весникот „Прото тема“, анализирајќи ги резултатите.

анкети Македонија против сложено име спор за името термин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.