НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владејачкото мнозинство ќе се прошири со Турската демократска партија

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев најави дека во тек се разговори со Турската демократска партија за проширување на паламентрното мнозиство и верува дека овие разговори ќе бидат заокружени до вторник.

-Оваа партија веќе дава поддршка на законските решенија и соработката не е условена со некои места, но треба да се заокружи. Размислувам и за средби со БЕСА и тоа со двете групи, се надевам дека ќе најдат нешто што ќе ги спои во една, бидејќи гледам дека пратениците соработуваат меѓу себе. Потоа ќе се разговара и со пратеници кои се во опозиција, рече Заев.

Тој рече дека на оваа тема не разговарал со претседателот на коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети, но дека е можно пазуата на утрешната седницата за пратенички прашања да биде искористена токму за тоа.

Но Заев рече дека има генерална согласност во владејачката коалиција вратата за соработка да остане отворена за нови партии.

-Оставена е можноста на премиерот да разговара со пратеници, политичари и со партии кои се подготвени да ја поддржат Владата во однос на актуелни прашања, како што се: Решавање на спорот што го има Грција со нашето уставно име, реформите, концептот „Едно општество за сите“ и сето она што е за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Заев.

Тој истакна дека има пратеници и политички партии кои се во опозиција, но не се согласуваат со најголемата опозициска партија и нивните ставови се поблиски до ставовите на Владата.

Заев рече дека штом ќе ја помине таа фаза, и од Ахмети и од останатите коалициски партнери ќе бара согласност за проширување на коалицијата и на мнозинството во Парламентот.

Заев коалиција мнозинство ТДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.