НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од ОБСЕ: Нападите врз новинарите да се казнуваат

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија  денеска  потпиша  договорот за соработка со амбасадорката на ОБСЕ во земјава Нина Суомалаинен.

-Да се смени долгогодишната практика на неказнување за нападите врз новинари. Институциите долги години ја толерираа оваа практика, а во некои случаи дури и ги поттикнуваа актите на насилство врз новинари, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Тој истакна дека целта на меморандумот за соработка е организирање заеднички обуки и настани, со цел зголемување на безбедноста на новинарите како и промовирање на слободата на говорот.

– Позитивна околност е што сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и новиот обвинител Љубомир Јовески се свесни за проблемот со практиката на неказнивост на насилство врз новинари и се расположени да работиме заедно со цел да прекине ваквата негативна практика која сериозно ја загрозува слободата на говорот, рече Селмани.

Според него, битно е да се искористи овој поволен момент да за дебата за системските пропусти во функционирањето на обвинителството и на полицијата, и да се изгради институционален механизам за превенција и казнување на насилството врз новинарите.

Рече дека слободата на говорот е голема придобивка на човечката цивилизација, и оти правото на новинарите слободно да се изразуваат не смее да ги загрози правата на останатите граѓани.

– Убеден сум дека ваквата практика ќе се смени дента кога македонски суд ќе осуди некој насилник кој се дрзнал да напаѓа новинари. Нема да се откажеме се додека институциите брзо и ефикасно не постапуваат по сите предмети на насилство против новинари, додаде Селмани.

На прашањето до каде е случајот на закани врз него, рече дека од првиот ден припадниците на полицијата реагирале и веднаш ги контактирале луѓето кои упатиле врз него закани.

– Имаше едно недоразбирање со обвинителката. Обвинителката сега сфаќа дека тој ден можеби има направено некој пропуст, тој ден рече дека нема тука закана, меѓутоа потоа ја смени одлуката. Јас дадов исказ, секојдневно сме во комуникација со обвинителката, и се надевам дека постапката брзо ќе заврши и ќе биде процесуирано за во суд, рече Селмани.

Суомалаинен изрази задоволство од официјализирањето на соработката со ЗНМ, истакнувајќи дека здружението секогаш гласно укажува на повреди на слободата на изразување и професионалните стандарди.

– Потпишувањето на соработката е и симболично за ОБСЕ, затоа што официјално продолжуваме со работа на полето на слободата на медиумите по пауза од речиси една деценија, рече Суомалаинен.

ЗНМ меморандум за соработка Насер Селмани ОБСЕ слобода на медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.