НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Упадот во Собранието почнал по повик од обезбедувањето на Груевски

11
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од обвинетите за „крвавиот четврток“, кој на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик да ја започне акцијата за упад во Собранието бил контактиран од лице од обезбедувањето на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со кого заедно биле во Виена, Австрија, објави порталот „Судство.мк“, повикувајќи се обвинението што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера го поднесе во Кривичниот суд против 30 лица.

Извори од правосудните органи за НОВА потврдија дека ваква комуникација имало и дека е наведена во обвинителниот акт.

Според обвинението кое го објавува порталот, лице од обезбедувањето на Никола Груевски контактирал со еден од обвинетите кој е недостапен на органите на прогонот, за да собере 68 насилници. По овој повик тој заедно со уште едно лице контактираат уште двајца од обвинетите и уште четири други лица, кои го мобилизираат членството од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека не е соодветно обезбеден и заштитен од полициските сили.

Груевски за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година не беше во земјава, односно беше во Виена, на, како што тогаш изјавија од партијата, средба со тогашниот лидер на австриската владејачка народна партија, Вернер Амон.

Додека траеја насилствата во Собранието Груевски од Виена, се огласи на својот фејсбук и твитер-профил.  За ситуацијата ја обвини тогаш опозициската СДСМ.

„Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДС и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на овие антидржавни постапки на СДС преку правни и политички демократски средства“, напиша тогаш Груевски на Фејсбук.

Груевски во Македонија се врати во раните утрински часови следниот ден и свика прес-конфренција во четири часот изутрина, на која рече дека „со насилството некој сакал прстот да се впери во ВМРО-ДПМНЕ“.

Тој побара брза истрага за затворање на поединците кои вршеле насилство врз пратениците и граѓаните, додавајќи дека насилниците не треба да се мешаат со оние граѓани кои секојдневно протестираат. Според него, некој намерно ги исценирал вчерашните настани со цел прстот да се впери во ВМРО-ДПМНЕ. Груевски ја осуди и постапката на СДСМ со која според него на неделовнички начин се обиделе да изберат претседател на Собранието.

Хронологија на настаните од крвавиот четврток: Се почнало во 14.30

 

27.април комуникација Никола Груевски обвинение обезбедување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.