Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До крајот на април ќе биде пуштена делницата Демир Капија-Смоквица

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 28, 2018 15:53

Годинава ќе бидат комплетирани автопатските делници Демир Капија-Смоквица и Миладиновци-Штип, а се планира да започне и изградбата на три експресни патишта, најави денеска премиерот Зоран Заев. Ќе продолжи да се работи на  автопатот Кичево – Охрид, за каде е продолжен рокот за изградба до 2021 година.

– Станува збор за долгорочни инфраструктурни проекти, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека дел од патиштата ќе бидат завршени годинава.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека се надминати сите затечени препреки на автопатот Демир Капија-Смоквица и оти се очекува тој да биде пуштен до крајот на април, а автопатот Миладиновци – Штип да биде завршен до крајот на септември.

Веќе се склучени договори со изведувачи на градежните работи за изградба на експресни патишта Штип-Радовиш и Градско-Дреново, што ќе почнат следниот месец, како и за Ранковце-Крива Паланка, по добивање на одобрение за градење. Инвестицијата изнесува 100 милиони евра.

Со околу 20 милиони евра ќе се работи на рехабилитација на патишта од 230 километри, со 86 милиони евра од ЕБОР се планира рехабилитација на 26 патишта во должина од 422 километри, со 14 милиони евра од Светска банка ќе се работи на рехабилитација на 13 патишта во должина од 150 километри.

Заев вели дека дел од проектите ќе бидат завршени годинава, дел ќе бидат почнати, а дел комплетирани во различни временски интервали во следните неколку години.

– Инфраструктурното поврзување меѓу градови, села и населените места на цела територија на Македонија, како и на државава со земјите со земјите од регионот и Европа претставува стратешки и врвен приоритет на Владата. Работиме на тоа да обезбедиме вистински услови за сите граѓани да имаат сигурен, безбеден и брз транспорт, рече Заев, истакнувајќи дека Владата е определена за што поголема реализација на капиталните инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура.

Квалитетно изградената патна инфраструктура ќе биде крвоток на стоки, услуги и транспорт на патници и важен предуслов за зголемена трговска размена на државата со странство, истовремено е основа за привлекување нови странски и домашни инвестиции, додаде Заев.

Според министерот за транспорт Горан Сугарески, планираната програма за работа е со најголем број проекти за подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во државата.

– Практично цела Македонија ќе биде големо градилиште, рече Сугарески.

Тој најави дека годинава ќе се изработи проектна документација и за изградба на полуавтопатско решение од Прилеп до Битола, како и проекти за експресни патишта Битола – ГП Меџитлија и Струмица – граница со Бугарија.

Очекува што поскоро да биде изгласан анексот на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид кој е продолжен до  јуни 2021 година. Дополнителните пари што ќе бидат потребни за доизградба појасни ќе се знаат по претстојното препроектирање на тунелот и проектирањето на девет клучки, мостови и други позиции.

За делницата Скопје – Блаце почнато е ново проектирање на целата траса на ниво на автопат со оглед дека сегашниот проект не ги задоволува меѓународните технички и безбедносни стандарди.

Покрај досегашните опциии, како што рече Заев, утре на економски совет ќе се разгледа и варијанта за оваа делница со т.н  комплетна понуда, која ќе значи проектирање  и изведба со можност за стартување уште ова лето.

-Македонските закони тоа не го дозволуваат, досега Македонија работи по вакви критериуми согласно пари од ЕБОР  и другите банки, ќе разгледаме како можност, се нудат од компании со финансирање можности веднаш да почне со реализација  додека се допроектираат проблематичните делови, појасни Заев.

Во тек е  проектирање за изградба на нов автопат, делница Гостивар-Кичево, кој се планира да се гради во три фази. Кај автопатската мрежа во  тек е реконструкција и на дел од коловозот на делницата Сарај-Групчин, Петровец-Миладиниовци и Кадино-Хиподром, а во следниот период ќе почне санација и на други автопатски делници, најави Сугарески.

Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов завчера е издадена и последната градежна дозвола за новите електронски патарини на Коридорот 10 за кои во периодот додека корисниците да се навикнат за електронско користење ќе остане и опцијата со плаќање во готово.

Приоритет, покрај изградба на нови ќе биде и обнова на старите патишта согласно препораките на експертите од Светска банка. Домашни и странски експерти веќе ги утврдиле патиштата во најлоша состојба.

Во стратегијата и плановите на Владата за изградба на патната инфраструктура е планирано да бидат изградени, реконструирани и обновени повеќе од 60 патни правци во должина од 800 километри за што се обезбедени вкупно 270 милиони евра .

Дел од вкупните средства се од Буџетот, а дел од заеми од меѓународни институции.

Влада Демир Капија Смоквица Миладиновци-Штип нови инвестиции во патишта оваа година стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.