НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Преговараме со одговорност и за да постигнеме решение

2
By Нова ТВ on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
Фото АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се надеваме дека ќе има одѕив и од другата страна, бидејќи за нив е прашање од егзистенцијално значење. Посакувам да го сфатат тоа и да имаат сила да преземат тешки одлуки, што се неопходни, порача од Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи за преговорите за името на 11-та Регионална конференција за продуктивна реконструкција, организирана од Министерството за финансии на Грција и периферијата Централна Македонија, објави МИА.

– Не значи дека влегуваме во преговорите за да постигнеме било какво решение. Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна, рече грчкиот премиер, и додаде дека Атина сака решение што во иднина ќе им „даде можност на двата народи да продолжат мирно по патот на соработката и развојот“.

Ципрас повтори дека Грција не е под притисок, а во преговорите за изнаоѓање решение учествува затоа што смета дека тоа е правилно.

– Сакаме решение што ќе издржи низ времето, а не решение што ризикува многу брзо да се урне и затоа, меѓу другото, како предуслов ја ставивме и промената на Уставот на соседната земја, додаде Ципрас.

Грчкиот премиерговореше за спорот со името откако префектот на областа Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, претходно рече дека „единствено решение е договор што нема да го вклучува терминот Македонија во името на соседната земја“.

Грчкиот премиер, во неговиот говор на конференцијата, порача дека грчката област Македонија и градот Солун кои тежнеат да бидат столб на развој во регионот, би умале само корист од решавање на спорот со името.

– Не го разбирам избрзувањето на Апостолос (Ѕиѕикостас) денеска да излезе со став, заземајќи позиција што нѐ враќа уште поназад и од националната линија што беше формулирана во 2008 во Букурешт, кога беше пратеник на мнозинството што ја создаде оваа национална линија, рече Ципрас обраќајќи се до префектот на грчката област Централна Македонија.

 

преговори Солун Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.