НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари ја запре кампањата „Вистината за ДУИ“

0
By Нова ТВ on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прекинува кампањата „Вистината за ДУИ” што гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и неговите соработници ја отпочнаа со цел да ги обзнануваат неправилностите и злоупотребите на претходната локална власт,  соопшти портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.

Тој нагласи дека тоа не се случува бидејќи нема нови докази за злоупотреби, туку за да се остави простор на надлежните органи да дејствуваат со утврдените прекршоци.

– Сите повреди и злоупотреби кои ги утврдивме со внатрешните контроли и сите случаи за кои постои основано сомнение за сторен прекршок или кривично дело, ги пријавивме во надлежните органи: Министерството за внатрешни работи – Финансиска полиција, како и во Јавното обвинителство, истакна Демири.

Тој нагласи дека и покрај тоа што Општина Гостивар има побарано контрола од страна на државниот ревизор, побарано е и од Трудовата инспекција и Државниот инспекторат за образование да спроведат вонредни контроли за утврдување на каква било злоупотреба и да се побара одговорност.

– Општина Гостивар ќе продолжи со внатрешни контроли за работата на општинските раководства во минатите мандати, без да се заобиколи и работата на општинската администрација во овој мандат. Значи, никој не може да побегне од одговорност, бидејќи никој не смее да биде над законот, подвлече општинскиот портпарол.

Демири изрази уверување дека судскиот систем во Република Македонија час поскоро ќе се реформира и сите прекрштели на законот и криминалците, ќе ја добијат заслужената казна.

Вистината за ДУИ ДУИ запрена кампања Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.