Претседателот на САД Доналд Трамп ја продолжува практиката на разрешување на членвои на неговиот Кабинет преку социјалните мрежи.
По објавата за отказот за државниот секретар Рекс Тилерсон, отказ преку Твитер доби и секретарот за воени ветерани Дејвид Шалкин, кој беше единствениот останат министер од времето на Обама.
За нов државен секретар за прашањата на воените ветерани Трамп го наименува Рони Џексон, кој беше лекар во Беката куќа.
Шалкин веднаш по отказот изјави дека личности во администрацијата планирале да го приватизираат здравствениот систем за ветераните и дека добил отказ, бидејќи се спротивставил на тоа.
Ова е најновото од серијата заминувања од Кабинетот на Трамп.
Само овој месец, претседателот го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон и советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер, а замина и неговиот главен економски советник Гери Кон. Во меѓувреме, вчера беше последниот ден од ангажманот на директорката за комуникации во Белата куќа, Хоуп Хикс.
Сите луѓе на претседателот: Кој го напушти Трамп за само една година