Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков сам одлучил да ја смени локацијата за издржување куќен притвор

1
By Нова ТВ on March 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 30, 2018 15:18

Полициска екипа на 27 ми март извршила две контроли во домот на  Митко Чавков, каде тој според решението на Врховниот суд требало да ја  извршува мерката куќен притвор, но не го нашле таму, беше кажано на брифинг со претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Овој факт, Кривичниот суд го зел во предвид кога одлучувал по барањето на обвинителството за одредување на мерката притвор на Чавков по поднесеното обвинение истиот ден. Како што обајсни Џолев, на 27 март, Судот добил известување од полициската станица Центар дека од страна на полициска екипа биле извршени две контроли – едната во 18 часот, а другата во 20 и 30 часот на адреса на домот на Чавков, но тој не бил најден на наведената адреса, ниту некој отворил врата. Претседателот на Кривичниот суд Џолев, во овој контекст рече  дека Законот за Кривична постапка во ваков случај е јасен и во него стои дека ако лицето на кое му е одредена мерка куќен притвор, се одадлечи од местото каде што треба да ја издржува мерката, ќе му се одреди затворски притвор.

Судот, подоцна добил објаснување дека Чавков самиот одлучил каде ке ја издржува мерката куќен притвор, односно на друга адреса од онаа што била наведена во решението на Врховниот суд.

Досега шест жалби за притворите

Во врска со дилемите, што се појавија во јавноста, околу тоа дали Кривичниот суд може да им  одреди притвор на Чавков и на останатите четворица вработени во МВР, откако Врховниот суд два претходно одлучи тие да одат во куќен притвор Џолев вели дека Кривичен бил обврзан да одлучува по барањето на Обвинителството, бидејќи станува збор за друга фаза во постапката за случајот, односно поднесено е обвинение.

-Надлежност за одлучување имаат и Кривичниот и Врховниот суд, но овде станува збор за различни фази во постапката. Врховниот суд одлучуваше во фаза на истражна постапка. Сплет на околности е што Обвинителството поднесе обвинение два дена по одлуката  на Врховниот суд . Ние сме обврзани да одлучуваме по предлогот на обвинителството во оваа фаза на постапката – вели Џолев.

Според него, разликата во одлуките на Врховен и на Кривичен во врска со притворите на осомничените е сосема мала.

-Врховен се произнесе дека притвор треба да има, а иста одлука донесе и Кривичниот суд. Разликата е во тоа што одлуката на Врховен е притворот да биде куќен, а на Кривичен е институционален притвор – рече Џолев на брифингот, додавајќи дека одлуката на Врховниот суд е донесена по сите три основи – опасност од бегство, влијание на истрагата и повторување на делото, додека одлуката на Кривичен се само по еден основ – опасност од бегство.

Досега, како што соопштија од првостепениот суд , се пристигнати шест жалби на одлуките за одредување на притвор и куќен притвор на осомничените за насилствата во Собранието. Откако ќе бидат комплетирани сите жалби, тие ќе бидат препратени во Апелациониот суд кој треба да одлучува по нив.

Илиев: Едно се притворите во истрага, а друго кога има обвинение

 

Врховен домашен притвор Кривичен локација напуштање ОЈО Чавков Џолев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.