НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини: Главни пречки во спорот се Уставот и правната рамка

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ревизијата на „иредентистичките“ одредби од Уставот, а посебно правната рамка на решението  остануваат главна пречка за да се дојде до решение меѓу Атина и Скопје,  по вчерашните разговори на министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас, со посредникот во разговорите Метју Нимиц, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според дипломатски извори,  Катимерини пишува дека за  Атина би било идеално ако соседната земја го ревидира членот 49 од Уставот . Во Уставот на Република Македонија во членот 49 пишува:

 Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ
во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој
и ги унапредува врските со нив.
Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на
Републиката во странство.

Сепак, останува нејасно зошто на Грција би и пречел овој член од Уставот, кога македонското Собрание уште во 92 година,изгласа амандман на овој член на Уставот, по барање на грчката страна и во консултации со францускиот експерт Бадентер. Со амандманот на овој член, Македонија се обврза дека „Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

По ваквата интервенција во Уставот, беше потпишана Времената спогодба и од страна на Грција.

По трипартитната средба во Виена,  грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас изјави : “Напишавме во детали она со што се согласуваме и со што не се согласуваме. Ги идентификувавме главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашиот следен состанок ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор “, рече Коѕијас, без да  даде детали за овој „голем чекор”.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров оцени дека се повеќе тешкотии излегуваат на виделина. „Има условен напредок во преговорите, бидејќи како одиме напред доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение, така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина, изјави Димитров.

Коцијас и Димитров ќе се сретнат повторно веднаш по Велигден (8 април), а доколку се утврди дека има простор за напредок во разговорите не треба да се исклучи можноста и за контакти на највисоко ниво.

Тешкотиите но и оптимизам дека може да има напредок во разговорите,  произлегуваат и од кратката изјава на Нимиц по состанокот.

„Има позитивен напредок во преговорите, но остануваат тешките прашања  кои треба да се надминат.И двајцата министри се фокусираат на долгорочните односи – стабилност во регионот, добри билатерални односи меѓу двете држави и има надеж дека ќе продолжиме да работиме позитивно“, рече посрденикот во спорот за името Метју Нимиц по речиси 7 разговори .

Министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека Владата ќе свика лидерска средба за да ги информира сите политички фактори во земјава за текот на разговорите.

Димитров Коѕијас спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.