НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катругалос е умерен оптимист: Има напредок, другата страна е на потег

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос вели дека е умерен оптимист во однос на перспективите за постигнување решение на прашањето за името.

Катругалос, во интервју за грчката ТВ Скај, како што пренесува МИА, вели дека топката е на македонска страна, затоа што на Грција не ѝ се брза за решение, ниту има притисоци, ниту потреба од забрзување на процесот.

– Во однос на тоа дали може да се очекува решение, јас и понатаму сум, како што бев и на почеток, умерен оптимист дека постои прозорец за можност, а постои и соодветен напредок за доста од прашања што беа поставени од почеток. Топката, во суштина е на теренот на другата страна. Ние, имаме национален интерес да се реши, но немаме некој особен притисок. Ние не сме нетрпеливи да се реши, вели Катругалос, потенцирајќи дека сепак за Атина е важно да има решение.

Катругалос вели дека промената на Уставот е дел од решението, „не може да постои решение без тоа и тоа е прашање за кое другата страна има друг став“.

-Сакаме да се регулираат сите прашања преку еден Меѓународен договор, ова беше и нашиот првичен став, но и прашањето за ревизија на Уставот. Затоа што сакаме да се исфрлат сите прашања поврзани со иредентизмот, да имаме целокупно решение, што ќе се имплементира за сите, ерга омнес, но сакаме да има и трајни карактеристики, а тоа може да го обезбеди само промена на Уставот, објасни Катругалос.

Димитрис Ѕанакопулос

Портпаролот на грчката Влада, пак, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за ТВ Алфа, одговарајќи на прашањето за пишувањето во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, рече дека „не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор“, што содржи конкретни обврски за двете страни.

-Што правиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правно обврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни. Односно, грчката страна ќе го признае соседот под името што ќе биде договорено, а соседот ќе се согласи. За грчката страна да го признае ова име и да преземе конкретни обврски една од нив ќе треба да е, како што многупати имаме јасно кажано, е промена на уставното име. Поранешната југословенска Република Македонија ќе ја преземе правната обврска да го промени уставното име, доколку сакаме да стигнеме до решение, вели Ѕанакопулос, говорејќи за грчката ТВ Алфа.

Во однос на тоа дали Атина бара промена Уставот само поради името или, пак, смета дека треба да се направат измени и на одредени членови, Ѕанакопулос објаснува дека постојат различни правни толкувања и тоа е дискусија што се води на политичко и правно ниво.

Катругалос МНР Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.