НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Поткуп“:Се слушаат телефонски разговори од ПИМ, јавноста исклучена

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосната снимка од Посебните истражни мерки (ПИМ) за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, нема да биде пуштена и на денешното рочиште во Кривичниот суд бидејќи Апелација се уште не се произнела по приговорот на Јавното обвинителство со кој се бара снимката да не се гледа во присуство на јавноста.

Обвинителството на претходното рочиште реагираше и поднесен приговор на одлуката на Судечкиот совет јавноста да не биде исклучена кога ќе се пушта снимката во судницата.

Адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Иван Николов Сачевалиев од претходното рочиште да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање Судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни.

Рочиштето во моментов продолжува со репродуцирање на телефонски разговори прибавени со ПИ-мерки, без присуство на јавноста.

На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.

Сачевалиев рече дека снимката од ПИ-мерките што била прикажана на телевизија не била целосна. Тој пред судот посочи дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.
Сачевалиев на почетокот на рочиштето тврдеше дека премиерот Зоран Заев му побарал поткуп за приватизација на државно градежно земјиште. Но, подоцна кажа и дека не дал ниту евро на семејството Заеви.

На прашање на судијата дека пред Судот ги менувал исказите во врска со изјавите што ги давал пред Јавното обвинителство, како и за тврдењата на адвокатите дека три пати давал изјава во Обвинителството, Сачевалиев одговори дека се сеќава оти потпишал два записника, а дека третиот првпат го гледал.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Апелација Зоран Заев Иван Николов Сачевалиев Кривичен суд ПИ мерки поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.