НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се уште несогласувања за законите од правосудството

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколкумесечно отсуство, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по седницата за доверба на Владата, се вратија во работата на Собранието и тоа на гласањето за реформските закони според планот 3-6-9. Гласањето за овие закони се случува во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, што треба да биде објавен на 17 април.

Пратениците со консензус вчера ги донесоа законите за Оперативно-техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци. Пратениците и од власта и од опозицијата потврдија дека се взаемно усогласени текстовите на овие закони.

Гласањето е одложено за законите од правосудството. Претседателот на Парламентот Талат Џафери го одложи гласањето за дополнетиот закон за судовите, во второ читање, во рамки на 34 седница, како и измените и дополнувањата на законите за јавно обвинителство и за кривична постапка на 35. седница, нивните продолженија ќе бидат дополнително закажани. Џафери објасни дека седниците се одлагаат поради потреба за дополнителни усогласувања за точките на дневен ред на овие седници.

Потпретседателката на Собранието и пратеник од СДСМ Фросина Ташевска Ременски истакна дека во текстот се вградени дел од зебелешките кои произлегле од дебатите кои се организираа за ОТА, на кои присуствуваа и експерти, се допрецизираа одредени дефиниции и надлежности.

– Ова е еден сериозен чекор во давањето гаранции за неповторување на незаконско следење на комуникациите во РМ од една страна, а од друга страна и гаранција дека човековите права и слободи ќе се почитуваат од сите институции, рече Ташевска Ременски.

Дополнително, додаде таа, се зацврстува собраниската контрола и надзор над ОТА и ги проширува сите можности што ги има Собранието преку надзорните комисии да го следи имплементирањето на законот.

– Првпат во Република Македонија во системот на следење на комуникации имаме најголема законска гаранција за обезбеден надзор и контрола над овластените органи за примена на мерките што дополнително ќе биде предизвик и за Собранието да ги искористи максимално, а со тоа и да покаже дека се залага за законитост во работењето на државните институции, заштита на човековите слободи и права и заштита на приватноста на граѓаните, рече пратеничката.

Во рамки на продолжението на 22. седница беа донесени и измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци.

Невенка Стаменковска, од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека работната група која работеше на овие измени кажа дека опозициската партија имала 11 предлози и оти врз основа на нив се направени интервенции во текстот.

– Свесни сме дека законот не е идеален, но е многу подобар од оној што беше предложен од СДСМ, кажа Стаменковска пред изјаснувањето на пратениците.

закони Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.