Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора: Ѓукановиќ победи во првиот круг, никој не му честиташе

0
By Нова ТВ on April 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 15, 2018 22:53

Според прелиминарните резултати од претседателските избори во Црна Гора, од сите обработени податоци од гласањето, кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ освоил 53,8 отсто од гласовите, додека Младен Бојаниќ 33,5 отсто.

 

Според Центарот за демократска транзиција правото на глас го искористиле 64 отсто од запишаните 532.599 гласачи.

Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори, истакнувајќи дека резултатите се потврда на решеноста на  Црна Гора да го продолжи патот на европскиот квалитет на живот и членството во ЕУ.

Во победничкиот говор, тој рече дека нема да ги изневери очекувањата на граѓаните.

Наместо порака до противкандидатите, Ѓукановиќ им се обрати на опозициските лидери.

-Овој резултат е толку убедлив и надмоќен што ова е прилика да ги преиспитате вашите политички позиции, дека ништо добро не може да се постигне со негирање на постигнатото до кое дојде Црна Гора, рече тој.

Бојаниќ на прес конференција изјави дека Црна Гора гласала, како што гласала и им порача на гласачите дека изборниот пораз да не го сфатат како пораз. Бојаниќ рече дека нема да му ја честита победата на Ѓукановиќ.

 

-Нема да му ја честитам победата бидејќи немам што да мучеститатм. Да сум на негово место не би се радувал, туку би се срамел од ваква победа, изјави Бојаниќ.

Тој и порача на опозицијата да размисли како да се постави пред локалните избори закажани за 27 мај, и дека нема намера да основа партија.

На изборите учествуваа 7 кандидати: Марко Милачиќ, Младен Бојаниќ, Хазбија Калач, Василије Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгиња Вуксановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Кандидатката на СДП, Вуксановиќ има поддршка од 8,1 отсто. Кандидатот на Вистинска Црна Гора Милачиќ има поддршка од 2,8%, а кандидатот на Партијата на правда и помирување Калач 0,8%. Миличковиќ освоил 0,5, а дедеиќ 0,4 отсто.

Шефот на набљудувачката мисија ЦЕМИ Златко Вујовиќ изјави дека се регистрирани голем број неправилности, но дека се работи за многу помал број одошто на парламентарните избори во 2016, кога имаше силно изразени тензии. Исто така тој укажа на значително помалиот одѕив во однос на парламентарните избори.

 

Кандидатото на Вистинска Црна Гора Милачич изјави дека ова не е победа, туку пораз на целото црногорско општество и обвини дека ова е влез во диктатура, односно земјата веќе четврта деценија е без измена на власта.

-Влегуваме во тешка фаза како општество и мора да се избориме со тоа, изјави тој.

Претседателот на Црна Гора има мандат од 5 години.

Мило Ѓукановиќ досега во шест мандати беше премиер и во еден мандат претседател на Црна Гора.

Актуелниот претседател Филип Вујановиќ на оваа функција е веќе 15 години.

Црногорската опозиција е длабоко поделена на проруска и просрпска, а ниту долги преговори не успеа да се обедини околу еден претседателски кандидат.

Гукановиќ прелиминарни претседателски избори Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.