НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија не успеала да го запре Телеграм, блокирала милиони ај пи адреси

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководителот на рускиот комуникациски регулатор Роскомнадзор, Александар Жаров, денеска призна дека милиони ај-пи адреси биле блокирани при неуспешен обид за запирање на апликацијата за испраќање пораки Телеграм.

Телеграм се уште е достапен за корисниците во Русија и покрај напорите на властите да влијаат врз него, блокирајќи други услуги. Минатата недела  руските власти наредија да биде стопиран пристапот до апликацијата.

Спорот изби, откако апликацијата за пораки, дело на рускиот инвеститор Павел Дуров, одби на разузнавачките служби да им ги предаде податоците за шифрирање. Руските власти инсистираат дека тие им се потребни за да спречат екстремистички напади, но Телеграм го отфрли барањето, оценувајќи дека тоа претставува прекршување на приватноста.

Жаров во интервју за весникот „Известија” изјави дека Русија блокирала 18 мрежи што ги користат Амазон и Гугл, кои, според властите, биле користени од Телеграмот за да ја заобиколи  забраната.

Многу руски компании објавија дека нивните интернет услуги се суспендирани поради напорите на Рокомнадзор да ги блокира мрежите.

Според интернет експерти, од понеделникот руските власти блокирале околу 16 милиони ај-пи  адреси на милиони руски корисници и фирми.

Жаров призна дека властите безуспешно се обидуваат да го блокираат Телеграм и оти треба да затворат цели мрежи, некои со по половина милион ај-пи адреси, кои ги користат компании што ги почитуваат законите.

Дневниот весник „Ведомости” го спореди спорот меѓу Роскомнадзор и Телеграм со војна.

Жаров најави дека Фејсбук може да биде следната цел на властите, ако одбие да се придржува кон руското законодавство.

Апликацијата Телеграм се смета за безбедна за испраќање пораки, која е отпорна на обидите за шпионирање.

ај пи адреси блокада Русија Телеграм шпионирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.