Додека високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини им се обраќаше на пратениците, група граѓани пред Собранието протестираа против пресудата за малиот Алмир.
-Правдата во Македонија одамна е мртва. Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме….Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро….Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца, рече актерот Висар Вишка.

Демонстрантите велат дека ги поздравуваат дипломатите од Брисел, Федерика Могерини и Јоханес Хан и сакаат да го искажат својот став – дека правдата во Македонија е мртва.