Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По шест години: Конечно автопат по македонскиот дел од Коридорот 10

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 08:22

Автопатската делница Демир Капија Смоквица, по шест години изградба, ќе биде пуштена во употреба денеска, со што се добива целосно автопатско решение долж Коридорот 10 на  територијата на Македонија.

На свеченоста  се најавени обраќања на премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар.

На свечената церемонија ќе учествуваат претставници на Директоратот за проширување на ЕУ,  членови на Владата , претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“ од Коридорот 10, претставник на централната власт на Република Грција и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Од нив  107 милиони евра се обезбедени  со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), 130 милиони евра  од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра  се грант од ЕУ, а шест милиони евра  преку Буџетот на РМ.

Има две клучки, кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри,  шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

На автопатот треба да има и две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија, за кои пред еден месец беше издадена градежна дозвола и се очекува да бидат завршени за околу осум месеци.

Автопатската делница ја градеше грчката компанија „Актор“, која беше избрана како најповолен понудувач на тендерот објавен во август 2011 година, на кој во потесниот избор беа и италијанскиот конзорциум „Тодини“ и турската „Мапа“.

Инфраструктурниот проект го почна претходната, а го заврши и го става во употреба актуелната власт. Шестгодишните активности на терен ги одбележаа обвинувања и критики меѓу двете гарнитури. Од СДСМ како поранешна опозиција упатуваа прашања околу изборот на „Актор“ и износот на инвестицијата, додека пак, од поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ по заминување од власт минатата година ја обвинија новата Влада дека е неспособна да пушти готов проект.

Таквите тврдења беа отфрлени и беше објавено дека  пречка за пуштање на автопатот се незавршени административни постапки за да се може да се изгради контролен центар и недислоцораниот далновод на МЕПСО. Следеше одлуката на Владата во октомври лани со која со анекс на договорот за изградба,  беше продолжен рокот за завршување на автопатот до февруари годинава за да се завршат градежните зафати за далноводот и за контролниот центар. Тие активности веќе се завршени, а за пуштањето на автопатот беа направени и други законски измени.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  минатиот месец објави дека отвора истрага под име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Предметот, според СЈО, се однесува за фаворизирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари.

Според најавите, во септември годинава  треба да биде пуштен во употреба и автопатот Миладиновци-Штип, за кој исто така се продолжи рокот за изградба. На терен треба да продолжат активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, каде по анексот на договорот  со кој се продолжи рокот за негова изградба до 2021 година, со кинески „Синохидро“ се преговара и за дополнителна сума за активностите.

автопат Демир Капија Коридот 10 СМоквица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.