Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставка на Сламков од Комисијата за слободен пристап до информации

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 16:18

Ѓорги Сламков претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднел оставка.

Оставката ја доставил до Собранието минатата недела на 17 април, поради како што навел лични причини.

Сламков беше избран за претседател на Комисијата во 2016 година, откако претходно во два мандати беше претседател на  Антикорупциската комисија.

Додека беше на чело на Анткорупциската, Сламков ја отвори и веднаш ја затвори постапката против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков за судир на интереси.

„Согласно со законот за спречување судир на интереси, не постои основа да се утврдува судир на интереси доколку избрано или именувано лице во Република Македонија има трговско друштво основано надвор од нашата држава бидејќи трговското друштво е основано според правото на земјата во која е регистрирано седиштето и важат законите на домицилната држава, а не законите на Република Македонија“, рече Сламков, откако опозицијата откри дека Мијалков  станал сопственик на фирмата „Миртланис“ регистрирана во Република Чешка и тоа не го пријавил во анкетниот лист.

Како директор на Комисијата за заштита на податоци за слободен пристап до информации, Сламков одби да даде информации на новинарите за имотната состојба на Јанкуловска, Јанаќиевски и Мијалков со образложение дека станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“.

Годишниот Извештајот за работата на Комисијата за слободен пристап денеска беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата не го усвои овој извештајот на Комисијата за слободен пристап.

Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го избира Собранието на предлог на Владата.

ДКСК оставка Сламков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Официјално: Гостиварчлани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

ВЕСТИ July 21, 2026

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите…

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.