НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирма регистрирана на Бахами влезе во Фени

3
By Соња Петрушевска on April 25, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД“  регистрирана на Бахамите од пред една недела е меѓу доверителите на  ФЕНИ.

Промената во Централен регистер била направена на 17 април. Во регистерот пишува дека освен фирмата од Бахами, за членови на Одборот на доверители во отворената стечајна постапка се именуваат и Цементарница УСЈЕ Скопје и ТАВ Македонија, а се разрешуваат досегашните доверители: Комерцијална Банка, Стопанска Банка и МЕПСО АД Скопје.

Кој стои зад  фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис“ не е познато.  Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешенал која имала увид во договорот склучен со стечајниот управник на Фени, вели дека наместо потпис од физичко лице, на договорот склучен на 31 јануари за преработка на никелова руда, бил наведен само број на пасош од странска земја. На ваков начин намерно се крие вистинскиот сопственик на фирмата и правниот субјект кој  доби право да управува со ФЕНИ. Исто така, Тасева  наведува дека договорот е „нерамноправен“ и со него се овозможува значителна имотна корист на фирмата со оглед на високата цена на никелот на светските берзи и користење на резервите на руда од комбинатот.

Транспаренси Интернешнл денеска поднесе кривични пријави против стечајниот управник на Фени, Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска за злоупотреба на службената должност. Според наводите во пријавата, тие стечајната постапка ја воделе нетранспаретно и тајно, фаворизирајќи одредена компанија.

 

„Стечајниот управник на 3 јануари објавил „Оглас за прибирање на писмени понуди за склучување на договор за преработка на никелова руда“ кој содржи недоволно одредени услови врз основа на кои би можел да се изврши селекција на понудите и одбирање на најповолната, но содржи услови со кои за одредено правно лице понудувач се создава состојба на предодреденост и му се дава неоправдана предност“, кажа Тасева.

За работата на стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска е поднесена и претставка до Судскиот совет со барање да се испита нејзиното работење во постапката. Ѓорѓиевска, пропуштила да врши надзор врз работата на стечајниот управник, иако тоа и било законска обврска со Законот за стечај.

Од Транспаренси Интернешнл бараат договорот да се поништи.

Во меѓувреме, од Кунико Ресурси, компанијата во чија сопственост се уште е Фени Индустри доставиле претставка до Канцелариите на Транспаренси Интернешнл во Брисел, Берлин и во Скопје, во која наведуваат дека заменик пртеседателот на Владата Кочо Анѓушев наводно го оркестрирал целиот случај, за да биде избрана компанијата ГИСОЛ, а тој да ги наплати побарувањата кои неговата фирма Енерџи Деливери Солушнс ги имала од Фени. Тасева вели дека одговор денеска побрале и од Анѓушев по што ќе започнат постапка и за ваквите тврдења.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, во врска со Фени кажа дека за лошата ситуација во која се најде фабриката удел има и државата.

„Падот на цената на никелот на светските берзи е објективна причина, но за доведувањето на ‘Фени’ во ваква состојба учествувала и државата. ‘Фени’ нема поднесено завршни сметки за 2015 и за 2016 година. Па може ли една бакалница да егзистира ако не поднесе завршна сметка во Управата за јавни приходи? Кој го толерирал тоа, зошто и како?“, одговори вицепремиерот Анѓушев на пратеничко прашање.

Фени должеше 40 милиони евра на АД Комерцијална банка, Стопанска Банка и Силкроуд банка. Поради нивните барања, велешкиот суд отвори стечајна постака за Фени лани во ноември.

стечај Транспаренси интернешенал Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.