НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнаа преговорите во Виена

22
By Нова ТВ on April 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 15 часот, започна средбата во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц.

Средбата се одржува две недели по разговорите во Охрид. Премиерот Зоран Заев  изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена .

Како што рече, верува во двајцата министри за надворешни работи, а и тој самиот е оптимист.

„Продолжувам јас со оптимизмот, верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите кои што се позади нив, а верувам и дека и јас во моментот, а и Ципрас од друга страна даваме добра поддршка и охрабрување за да се изнајдат навистина конструктивни и креативни решенија кои што буквално ќе ги задоволат и двете страниво нивните очекување, а притоа како што рековме достоинствено ќе с еоднесуваат и за двете земји и за граѓаните на двете земји“ рече Заев.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос пред почетокот на средбата во Виена рече дека во преговорите грчката страна  направила отстапки и оти сега е време другата страна да ги направи неопходните чекори за постигнување договор. Тој рече дека е јасен начинот како Грција пристапува во преговорите, спомнувајќи ги двата грчки предуслова за постигнување договор .

„Овие два конкретни предуслова се: прво, сложено име и, второ, името да важи „ерга омнес“, нешто за што предуслов е модификација на уставното име на соседот. Сметаме дека во рамките на овие преговори, грчката страна ги има направено нејзините отстапки, има стигнато до средината на мостот и во овој момент, време и за поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за да стигнеме до заемно прифатен договор – рече Ѕанакопулос.

Утре шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас  ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што јавуваат грчките медиуми, Столтенберг и Коѕијас ќе разговараат за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, за грчко-турските односи и за случајот со двајцата грчки војници што се наоѓаат во турски затвор.

Коѕијас, во интервју за грчкото радио 247, неодамна рече дека на следниот НАТО самит во јули, Македонија не може да стане членка на Алијансата, бидејќи е краток временскиот рок.

Тој додаде дека дури и да се постигне договор, нема доволно време за да се заврши целата процедура.

Виена Димитров Коѕијас Нимиц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.