Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Претходната власт замижувала кога од Фени се изнесувале милиони

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 26, 2018 13:27

Премиерот Зоран Заев ја обвини претходната Влада дека е виновна за ситуацијата во Фени и за долговите кои биле од 50 милиони евра. На пратеничко прашање од Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ, Заев кажа дека кога тие дошле на власт фабриката била пред стечај.

„Во ваше време некој го покривал работењето во Фени кога биле испумпани во странство повеќе од 50 милиони евра – некој замижувал бидејќи две години фирмата немаше поднесено завршна сметка. Ние го понудивме Фени за една евро и долговите да се исплаќаат во наредните 10 години, но никој не беше заинтересиран. Поранешен министер и поранешен директор на УБК биле главни за рудата од Албанија и поради тоа се овие последици“, кажа Заев.

Во меѓувреме биле исплатени долговите кон банките и другите доверители и фабриката работи, додаде премиерот.

И вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ја коментираше ситуацијата во Фени по најавите од Транспаренси Интернешнл дека ќе поднесат кривични пријави за стечајната постапка која била нетранспаретна, а ќе се разгледува и претставката поднесена од „Кунико“ со која се бара да се утврди какво било влијанието на Анѓушев во стечајот на Фени.

„Ги охрабрувам да одат подлабоко во испитувањата и да ги видат сите постапки на транспарентност кои биле од самиот почеток на создавањето на проблемот до денеска. Малку сум загрижен што обвинувањата кои стигнале до Транспаренси Интернешенал доаѓаат од Кунико, тие кои што го створиле проблемот, но посакувам да се оди длабоко во испитувањата“ кажа Анѓушев.

Транспаренси Интернешенал – Македонија поднесе кривична пријава против стечајниот управник на ФЕНИ, Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска за злоупотреба на службената положба и овластувастувања.

Од пред една недела, фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД“  регистрирана на Бахамите е меѓу доверителите на  ФЕНИ. Промената во Централниот регистер била направена на 17 април, и во неа освен фирмата од Бахами, за членови на Одборот на доверители во отворената стечајна постапка се именуваат и Цементарница УСЈЕ Скопје и ТАВ Македонија, а се разрешуваат досегашните доверители: Комерцијална Банка, Стопанска Банка и МЕПСО АД Скопје.

 

Заев испумпани милиони евра Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.