НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рохани: Иран ќе одговори на одлуката на Трамп за нуклеарниот договор

0
By Нова ТВ on May 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека неговата држава е подготвена да реагира на било која одлука што САД ќе ја донесат во врска со нуклеарниот договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека до 12 мај ќе реши дали САД ќе останат во договорот, со кој беа намалени санкциите против Иран во замена за иранското ветување дека ќе ја замрзнат својата нуклеарна програма. Договорот со Иран беше потпишан од американскиот претседател Барак Обама и водачите на Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, а Трамп жестоко го критикуваше за време на предизборната кампања и по преземањето на функцијата.

„Ние имаме планови и ќе се спротиставиме на било која одлука што Трамп ќе ја направи во врска со нуклеарниот договор“изјави претседателот Рохани.

По посетите на водачите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел на Вашингтон, вчера и британската премиерка Тереза Меј го убедувала претседателот на САД Доналд Трамп да не се повлекува од нуклеарниот договор со Иран. Трамп и Меј разговарале за иранското прашање по телефон, а британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон отпатува во посета на Вашингтон, на средби со потпретседателот Мајк Пенс и советникот на Трамп Џон Болтон.

„Обединетото Кралство, САД и нашите европски партнери се обединети во напорите да се спротиставиме на иранското однесување со кое Блискиот Исток станува помалку безбеден, да се спротиставиме на нивните кибер активности, нивната поддршка за групи како Хезболах, и на нивната опасна ракетна програма со која ги вооружуваат Хути бунтовниците во Јемен“изјави Џонсон пред посетата на Вашингтон.

Критичари на договорот во САД обвинуваат дека милијардите долари што Иран ги доби по олеснувањето на санкциите биле употребени за проширување на војните во Сирија и Јемен.

Иран Меј Рохани Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.