НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара конфискација на имотот на Груевски, Протуѓер и Димовски

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, во воведниот говор за случајот „Титаник“, побара обвинетите да бидат осудени но и и на дел од нив да им се конфискува имотот.

За изборите во 2011, таа побара конфискација на имот на Никола Груевски и на Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.777 денари или повеќе од половина милион евра што одговара на вредноста на незаконските средства прибрани за изборната кампања во таа година.

За изборите во 2013 година, Стефанова рече дека со обвинителниот акт се бара конфискација на имот во вредност од 41.435.100 денари или повеќе од 670 илјади евра од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски. За изборите во 2014 година, Стефанова бара на  Груевски, Димовски и Ристовски да им се конфискува имот  од 62.732.874 или повеќе од милион евра –  суми кои одговараат на незаконски прибраните средства за изборите кампањи.

На почетокот на главната расправа се изјаснија и обвинетите. Поранешниот премиер Никола Груевски рече дека го разбира обвинението, но дека не се чувствува виновен, со оглед на тоа што не сторил никакви кривични дела. И останатите обвинети, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Пртеходно, Судечкиот совет го одби барањето на одбраната за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева во предметот Титаник. Според судијата Осман Шабани, ваквото барање е недозволиво.

Адвокатот на Никола Груевски, Еленко Миланов побара Јанева да биде изземена поради сомневање во непристрасноста на јавните обвинители и наводна оштетеност на обвинителите од кривичните дела.

„Во повеќе наврати Специјалната обвинителка се произнесува во однос на вина, казни и наводна огромна процентуалност на постоење докази обвинетите да се осудат. Со тоа се остава впечаток во јавноста на вина. Се навлегува директно во судските одлуки“, рече Миланов.

На барањето на одбраната на Груевски реагираше специјалната обвинителка Лиле Стефанова, која рече целта е да се одолговлекува судењето. „Одбраната постојано дава предлози со цел да се купи ден, да се одолговлекува судењето. Во законот не постојат одредби за изземање на специјалниот јавен обвинител. И одбраната во предлогот кој го даде не можеше да каже кој треба да ја изземе Јанева. Затоа бараме да се одбие предлогот“ рече Стефанова.

Рочиштето е закажано на 21 мај, кога воведни зборови ќе даде одбраната. Во овој предмет освен  Груевски, обвинети се уште 20 членови на ВМРО ДПМНЕ  за изборни измами.

„Титаник“ Груевски Димовски изборни измами Јанкуловска Конфискација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.