Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНФПА ќе помага за намалување на смртноста на мајките и бебињата

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 10, 2018 14:46

Заедничко имплементирање на мерките за унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата и придонес за намалување на нивната смртност, треба да овозможи Договорот кој денеска во Владата го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче и директорката за население на ОН (УНФПА) за Македонија Доина Болога.

Со Договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата, додека другата половина УНФПА.

Министерот Филипче по потпишувањето рече дека овој договор предвидува до крајот на годината да се реализираат повеќе активности: спроведување обуки во двете родилишта кои покриваат најголем процент од породувањата во државата, примена на практики согласно последните стандарди на СЗО за грижа на мајките и на новороденчињата, обука од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето на мајките и бебињата, финализирање и имплементација на стандардите за гинекологија и акушерство во одредени болници.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека во соработка со експерти од УНФПА се спровела проценка на состојбата во родилиштата во Скопје и низ целата држава, резултатите се сумирани и врз основа на тоа ќе изградат стратегија за имплементирање на следните мерки.

– Втората мерка која веќе се спроведе е тренинг на тренери. Околу 30-тина гинеколози, неонатолози се тренираа да бидат тренери во своите области и со чија помош понатаму ќе ги спроведеме тренинзите низ другите родилишта во нашата земја. Таму каде што сметаме треба да се дополни кадар, опрема, а тоа ќе го направиме во клиничките болници во Штип, Битола и во Тетово, каде се спроведуваат мерки и во пресрет излегуваат агенции со донација, а делумно правиме план за набавка преку Министерството за здравство, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање Болога истакна дека во последните години УНФПА значајно го поддржува Министерството и мерките кои се предлагаат во овој момент не се многу скапи мерки.

– Значи зборуваме за стандарди за повторна обука на луѓето нештата да ги прават на еден подобар начин. На овој начин се дава еден вид на подлога за проценка на потребите од опрема каде се потребни дополнителни инвестиции и дополнителна обука. Но, во овој стадиум се надевам дека и со овие минимални мерки во поглед на трошоци ќе имаме значително намалување на смртноста и морбидитетот како кај мајките така и кај децата. Ќе ставиме акцент на неонаталната грижа, додаде Болога.

Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за Македонија за периодот 2016-2020, како и со едно од приоритетните национални прашања.

Владата на Република Македонија првпат овозможува да се реализира ваков вид на договор во нашата земја, но и пошироко во регионот.
На овој начин, се зајакнува и Програмата за заштита на мајки и деца на Министерството за здравство за 2018 година, која се финансира од Буџетот на Република Македонија. Тоа е уште една гаранција дека ќе продолжат активностите за зајакнување на ефективната грижа на мајките и на бебињата за време на бременоста и по породувањето.

Со активностите од овој Договор, освен што ќе се придонесе кон намалување на мајчината и новороденечката смртност, ќе се унапреди и квалитетот на услугите за перинатална грижа (грижа непосредно пред, во текот и непосредно по породувањето на родилката и новороденчето), што директно ќе обезбеди здраво и безбедно мајчинство, почитувајќи ги принципите на човекови права.

Активностите конкретно опфаќаат јакнење на капацитети на мултидисциплинарни тимови на здравствени работници (гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки-бабици) за ефективна перинатална грижа, согласно стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), развивање и примена на клинички упатства, протоколи и алгоритми за перинатална грижа, базирани на докази, обезбедување присуство на стручна меѓународна експертиза во дадените области, во болниците, како и финализирање и примена  на стандардите за гинекологија и акушерство во селектираните болници.

Согласно Договорот, техничката помош на УНФПА се однесува и на менторство при спроведување на практики за перинатална грижа засновани врз докази, адаптација и акредитација на материјали за обука кои ќе се вклучат во континуираната медицинска едукација на гинеколозите, неонатолозите и акушерките како и јакнење на свеста кај жените и нивните семејства за знаците за опасност во текот на бременоста и породувањето.

Договор родилишта смртност на мајки и новороденчиња УНФПА Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.