Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постигнат договор за формирање нова влада на Италија

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 14, 2018 13:05

Антиинституционалното Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската националистичка партија Лига рано изутринава постигнаа договор за платформата на новата влада на Италија и го усогласија заедничкиот кандидат за италијански премиер.

Името на кандидатот за премиер не е соопштено, но според бриселскиот портал Политико, речиси е извесно дека сојузот на двете популистички партии ќе раководи со третата најголема економија во Еврозоната.

Двете партии сега треба да го известат италијанскиот претседател Серџо Матарели за договорот, по што тој ќе закаже финален круг консултации со партиите и ќе одлучи кого ќе предложи за премиер.

Договорот меѓу М5С и Лигата е резултат на последниот од низата обиди за излез од двомесечниот ќор-сокак и за избегнување на предлогот на претседателот на Италија за формирање „неутрална влада” што би раководела со земјата до одржувањето предвремени избори.

Лидерите на М5С и Лигата, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини се состанаа двапати во Милано за да ги договорат деталите на коалицискиот договорот.

– Пишуваме историја и потребно е малку време, рече Ди Мајо по средбата со Салвини.

Тој потврди дека е постигнат договор за името на кандидатот за премиер, но одби да открие за кого станува збор.

– Се работи за политичар, а не технократ, рече Ди Мајо.

Влада Договор Италија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.