Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршните зборови за „Тенк“ на 17 мај

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 14, 2018 16:57

Предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи на 17 мај со завршни зборови на одбраната и на СЈО. Во „Тенк“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Денеска во текот на расправата судечкиот совет ги прифати новите докази на СЈО, меѓу кои е и доказот добиен со замолница за меѓународна правна помош, доказ кој се однесува на електронска комуникација меѓу компанијата „Дајмлер бенз“ и „Мак Ауто Стар“. Содржината на новите докази не беше презентирана.

Одбраната на обвинетите приговараше на доказите, но судот го одби приговорот.

Поранешниот премиер Груевски пред Судот обвини  дека имало договор меѓу премиерот Зоран Заев и судијката Добрила Кацарска која го води предметот за набавка на луксузниот мерцедес.

„Заев пред извесно време порача дека  наскоро доаѓа пресудата за „Тенк“, со што  ќе се видело дека нема договор меѓу Заев и Груевски и дека имало правда. Со ова, тој имплицинтно, меѓу редови ги потврди гласините дека тој со судот веќе договорил каква да биде пресудата. Овие гласини стануваат се пореални, дека како што пишуваа порталите и медиумите за направен договор со главниот судија на процесот – госпоѓата Добрила Кацарска, тој да и овозможи да напредува во судија на Апелациониот суд и веднаш потоа во претседател, а дека за возврат ќе добие да биде ослободен и прогласен за невин во „Поткуп“. И уште една работа јас да бидам прогласен за виновен во овој случај“ – рече Груевски.

Според обвинението, Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор „Мак Аутостар ДООЕЛ“, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот мерцедес. Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал јавноста да дознае.

 

Груевски кацарска СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.