НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В понеделник пресуда за Поткуп, Кацарска нема да суди

3
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката Добрила Кацарска и тројцата судии поротници повеќе не постапуваат во предметот „Поткуп“. Тоа значи дека тие нема да одлучуваат за пресудата која ќе ја донесе судот.

По паузата што беше дадена во судот главниот судија Дарко Тодоровски се врати сам во судница и појасни дека ги ослободил тројцата судии поротници и судијката Кацарска, бидејќи согласно новите измени, тој сам треба да постапува и да донесе пресуда за овој случај.

Судијата Тодоровски појасни дека во овој случај нема да важат ниту доказите обезбеди со примена на Посебни истражни мерки и дека за нив судот ќе се произнесе при соопштување на одлуката.

Откако обвинителката Валентина Беслимовска направи измена на обвинението, од примање, во барање поткуп повеќе не е потребно во предметот да постапува петчлен судечки совет. Петчлен совет од судии и судии поротници постапува само во предмети каде е предвидена затворска казна подолга од пет години, како што е случајот со примање поткуп за што е предвидена казна затвор од 4 до 10 години.

Но, за барање поткуп, она во што обвинителката го промени првичното дело, законот предвидува затворска казна од 1 до 5 години.

Премиерот Зоран Заев по рочиштето изјави дека е задоволен што преку институциите имал можност да ја докаже својата невиност во случајот, истакнувајќи дека ќе ја почитува секојасудска одлука каква и да биде.

-Преку преквалификацијата на обвинението, со самото тоа и потврдата на незаконтоста на ПИ мерките за снимање на просторите и слушање на телефоните, докажува каква била злата и незаконска намера заради политички цели да се злоутребат институциите на РМ против мене во тоа време како шеф нан опозицијата за да бидам спречеи и дискредитиран при објавуњето на проектот „Вистината за Македонија“, изјави Заев најавувајжи дека во понеделник напладне же биде објавена пресудата.

Според него, преквалификацијата е најмалку што може да направи Обвинителството, за како што рече да ја зачува честа и угледот, додавајќи дека е срам за Обвинителството за тоа што било злоупотребено во тоа време. Тоа што Обвинителството не се повлекува од обвинението, според негово убедување е за да не го потврди срамот.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали очекува Советот на обвинители да покрене постапка против обвинителетлите што го покренаа овој процес, Заев рече дека неговата одбрана поднела кривични пријави против обвинителите кои го „организирале овој случај, а сведокот тоа го потврди“. Тој се надевба дека овие процеси ќе завршат до крај.

завршни зборови кацарска поткуп преквалификација Тодоровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.