Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните измени се прифатливи само за предлогот Илинденска Македонија

1
By Нова ТВ on May 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 21, 2018 15:29

Предлогот „Република Илинденска Македонија” треба да се разгледа длабински и да не се отфрла, зашто „ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓани на двете земји“ и може да стави крај на деценискиот спор меѓу двете земји, рече денеска премиерот Заев кој пакетот решение го оцени како вин-вин ситуација за двете земји.

 „Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница“ рече Заев.

На реакцијата од Владата на Грција дека го поздравуваат тоа што македонската страна прифатила „ерга омнес“, но да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, Заев вели дека се работи за пакет кој не може да се дели.

„Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа ние прифативме уставна промена, затоа што е решение кое не не понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови“, рече премиерот Заев.

И министерот за надворешни работи Никола Димитров во синоќешното интервју на 1.ТВ рече дека „ова не е супермаркет, секој да си бира што му се допаѓа“ и дека секогаш во преговорите одредницата била споена со опфатот – ако имало тесен опфат, тогаш имало флексибилност за одредницата, ако се барало максимален опфат – нема флексибилност.

На средбата со грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас и медијаторот Нимиц во Њујорк, Димитров најави дека ќе разговара за „она што го имаме на маса, бидејќи длабоко верувам дека и кај нас и кај нив има многу причини зошто токму оваа опција треба да го затвори проблемот“.

Предлогот „Илинденска Македонија“ Димитров потврди дека го предложила македонската страна за да се најде предлог со кој се прави јасна дистинкција од регионот Македонија во Грција, има временска одредница, без никакви територијални претензии, а од друга страна е достоинствено решение кое не го нарушува, туку го зајакнува идентитетот, бидејќи го има во двете Преамбули на Уставот – од 91, и од 2001. Во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонски, со превод на сите јазици, со што не се загрозува македонскиот идентитет.

„Јас сум убеден дека и во двете држави има сили кои нема да прифатат било какво решени, дури и да е  решение кое го прифатиле додека биле на власт“, рече Димитров.

Портпаролот на грчката Влада  денеска повтори дека „најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози.

Во следните неколку дена ќе се знае што ќе биде исходот на преговорите закажани за 24 и 25 мај во Њујорк со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Од епилогот на оваа средба според грчките медиуми ќе зависи дали премиерите Ципрас и Заев ќе се сретнат на почетокот на јуни – можеби во Преспа.

Димитров ЗЁаев Илинденска Македонија Преговори за името Устав Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.