Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ф4: Вардар поразен за третото место

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 СПОРТ
Фото: РК Вардар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 27, 2018 18:19

Ракометарите на Вардар го загубија мечот за третото место на Ф4 турнирот во Келн против ПСЖ со 29-28 (14-15).

„Црвено-црните“ беа подобриот тим и имаа водство во поголем дел од дуелот, одиграа подобро од вчера против Монпелје, но сепак потклекнаа на крајот и го завршија турнирот со два порази за два дена.

Во најголем дел од средбата, вардарци имаа водство, но откако Французите поведоа со 24:23 до крајот ја имаа иницијативата и го задржаа водството.
Лука Циндриќ беше најефикасен кај Вардар со седум гола, Македа постигна шест, а Страхиња Милиќ имаше девет интервенции.

Прв стрелец на мечот беше Недим Ремили од ПСЖ со девет гола.

„Црвено-црните“ загубија на двете средби на сличен начин како што лани триумфираа, во последните моменти.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов призна дека одиграл подобро во завршницата на натпреварот.
– Таков е спортот, некогаш победуваш некогаш губиш. Ние сега загубивме на сличен начин како што лани победивме. Игравме добро сега, имавме и водство во најголем дел од натпреварот, но ПСЖ во завршницата беше подобар. Им честитам, изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

Новиот европски шампион ќе биде познат по финалето меѓу Нант – Монпелје, што започна во 18 часот.

Вардар ракомет Ф4
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.