НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО приложи нова снимка од нападот врз Села на 27 април

0
By Нова ТВ on May 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една нова дополнително предложена снимка од Основното јавно бвинителство и две веќе емитувани снимки во Кривичниот суд денеска повторно се гледаа на барање на одбраната на рочиштето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија на 27 април.

За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На почетокот на рочиштето Судот, на предлог на одбраната го дозволи повторното емитување на две снимки од доказите предложени и веќе еднаш гледани пред Судот, со цел утврдување на дел од случувањата во Собранието на 27 април.

На првата снимка се гледа движењето на обвинетите и сведоците во ходникот пред собранискиот прес центар. На втората снимка, пак, се гледаат скалите од пред влезот во Собранието што водат кон просторот пред прес центарот и се нотира движењето на обвинетите.

На предлог од Обвинителството денеска се емитуваше и нова снимка, дополнително од предложената листа со докази. Обвинителството посочи дека снимката има и звук. На видеото се гледа настанот во прес-центарот во аголот каде се пратениците и на него тие веќе имаат видливи повреди. Се гледа нападот на лицата кои се влезени во Собранието и како тие ги напаѓаат пратениците и гаѓаат со предмети кон нив. Се нотира присуството на обвинетиот Александар Јаневски Тошта, Сашко Сенков, Никола Ошавковски, Цејо и Кире Георгиевски, лицето во црно со фантомка на глава, Николче Димитриевски. Се гледа оштетениот Села во аголот од прес центарот и се слуша како некој вика „Дај го ваму“, „Држи го“, „Дај го ваму! копиле!“ Потоа се гледа како некој го извлекува Села од групата пратеници кон средината на прес центарот. Се забележува поголема група луѓе како го удираат Села, прво во исправена состојба и потоа додека е на земја. Иако на подот е легнат Села и веќе не реагира, ударите продолжуваат.

Во моментов во судот е дадена пауза.

ОЈО рочиште Села снимка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.