Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан бара начини за тешката материјална положба на Ромите

0
By Нова ТВ on May 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 31, 2018 15:31

Од 83 до 94 отсто од загрозените Роми кои живеат во регионот на Западен Балкан не можат да си дозволат основни материјални работи за нормален живот, а многу домаќинства се уште немаат пристап до вода од чешма и до јавен канализациски систем, ниту пак нивниот отпад некој го собира и го складира.

Ова се дел од прелиминарните податоци на Регионалното истражување за Ромите на УНДП и на Светска банка, што денеска ги презентираше Орхан Усеин, координатор на акциониот тим на Проектот Интеграција на Ромите 2020, на Регионалниот совет за соработка(РСС), зборувајќи на дводневната меѓународна конференција за Ромите што се одржува во Бар, Црна Гора.

Конференцијата на која присуствуваат преку 80 претставници на земјите од Западен Балкан и од Турција има за цел министерствата од овие земји што се задолжени за интеграција на Ромите, да се запознаат со начините за најдобро решавање на проблемот со подобрување на станбеното прашање на Ромите. Како што соопшти РСС, посебен фокус на Конференцијата е ставен врз легализација на дивите ромски населби и на социјалните станови, како и заземање на целосен и одржлив пристап за создавање на трајни услови за живот.

„За да се реши прашањето за станбено згрижување на Ромите на најадекватен начин, сите земји од регионот треба бараат начини за одржливо финансирање на станбени фондови, не само преку нови модели на финасирање, туку и преку користење на празни станбени згради и намалување на долгорочните трошоци на станбеното згрижување“, подвлече Усеин.

Проектот Интеграција на Ромите 2020 од 2016 година е поддржан и од Фондацијата Отворено Општество и од Европската унија, која прашањето на интеграцијата го наведе како еден од условите за пристапниот процес на земјите кандидати за членство.

Западен Балкан Роми РСС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.