Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска протести во Грција, МНР апелира да се избегнуваат овие места

1
By Нова ТВ on June 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 08:52

Во 13 градови од Северна Грција денеска ќе се одржат протести, кои според организаторите, се за одбрана на името Македонија. Во повикот се наведува граѓаните да дојдат без партиски, но со грчки знамиња и масовно да учествуваат во демонстрациите.

Протестите се закажани за 19.30 часот, а како организатор се појавува „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Протести ќе се одржат во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.

Според грчките медиуми, независно од Комитетот, и во осум други градови низ Грција, самоиницијативно ќе се одржат протести.

Во многу градови, како што објавува МИА, демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, но и од митрополитите, а планиран е и организиран превоз од села и градови до плоштадите каде што ќе се одржат протестите.

Организаторите преку овие протести „ќе се обидат да ги потсетат политичарите во земјата дека грчкиот народ донел одлука во врска со името“.

Неофицијално, во грчките медиуми се споменува дека доколку се постигне договор, на денот кога ќе треба да се гласа во грчкиот Парламент, ќе се организира голем протест во центарот на Атина.

Коментирајќи ги протестите, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, во интервју за радиото 247, рече дека „владата го признава светото право на граѓаните да се мобилизираат, да протестираат, да го изразат нивното несогласување, резервираност и отфрлање на владината политика“, но додаде дека земјата има национална линија од 2008.

Црквата не го поддржа протестот

За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ Јеронимос вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.

– Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање итн. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот, рече Јеронимос одговарајќи на новинарски прашања по посетата на еколошки центар за предучилишно образование, пренесува МИА.

Македонските државјани да ги избегнуваат местата на протестите

Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои денеска планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација.

– Се информираат граѓаните на Република Македонија кои денеска, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат со почеток во 19:30 часот. Заради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност, стои во соопштението.

 

Грција МНР протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.