Со сведочење на советничката во Советот на општина Центар, Цветанка Симоновска продолжи судењето за насилствата во Општина Центар и нарачаните шамари од страна на експремиерот Никола Груевски за поранешниот градоначалник Андреј Жерновски.
Симоновска кажа дека на 7 јуни 2013 година кога се одржувала седница на Советот на општина Центар упаднала поголема група граѓани од здружението Веритас кои биле координирани од одвнатре – од советници на ВМРО ДПМНЕ. Тие ги навредувале и пцуеле советнциите на СДСМ и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ. Симоносвка
„ На секое отворање уста на Шиповиќ, Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски ги земаа мобилните и им кажуваа да го засилуваат викањето. Навредуваа со погрдни и вулгарни зборови кои, кои не доликува да ги кажам во судов. Ги спуштаа панталоните, ги покажуваа своите гениталии“, сведочеше Симоновска за насилствата на седми мај.
Три дена подоцна кога продолжила седницата на Советот, Симоновска кажа дека истите граѓани буквално ја искршиле бараката број 6 во Општината. Тие фрлале со компири, патлиџани и кон советниците на СДСМ довикувале дека „нема живи да излезат“. Не реагирала ниту полицијата која била пред бараката.
Толпата заминала дури откако интервенирала специјалната полиција, а потоа дошле и ОБСЕ и амбасадорите.
За овој случај обвинети се 11 лица. Томислав Лазаревски – советник на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар и Јордан Ристески признаа вина и добија условна казна.
На обвинетиот Димче Крстев му се суди во издвоена постапка. Во овој случај обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и 8 лица.