Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Го заштитуваме идентитетот за век и векови

2
By Соња Петрушевска on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 20, 2018 12:05

Премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната седница на која се расправа за Предлог законот за ратификација на Договорот со Грција, ги повика пратениците да го ратификуваат Договорот за кој потоа ќе гласаат и граѓаните на рефрендум.

-Потпишавме договор со кој се означува почеток на крајот на неизвесноста и на трауматичен период со кој постигнавме достоинствено решение на двете страни . Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови, кажа Заев.

Заев во воведното обраќање ги повика и пратениците и граѓаните „да ги отфрлиме ѕидовите на ксенофобија и изолираност и да му дадеме шанса на Договорот“.

Со Договорот, рече Заев, Македонија не само што добива нов стратешки партнер во Грција, туку ја остварува и вековната аспирација на нашите предци да бидеме признаени од целиот свет како македонски народ кој зборува македонски јазик.

Повика на обединување во интерес на заедничката иднина.

– Наместо со горчина и гнев, заедно да ги испишуваме идните страници, да ги поведеме граѓаните кон заедничка просперитетна Македонија по примерот на напредните европски земји. Европското семејство не проифаќа како Македонци. Добиваме уште еден пријател и стратешки партнер, ја гарантираме стабилноста и безбедноста на Макеоднија, го отвораме патот кон ЕУ и НАТО. Се остварува стремежот на предците да бидеме признаени од сите како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса, истакна премиерот Зоран Заев.

Артан Груби од ДИУ кажа дека сите парламентарни групи и 80 проценти од граѓаните поддржуваат евроатлантска интеграција, освен една политичка партија која е против. „Кој е во право?“, праша Груби.

-Непримерно е да си го криеш лицето за да протестираш и да се криеш зад неодлучноста, на денешниот ден кој сите ќе го паметиме целиот живот и ќе го има во учебниците, рече Груби.

И кога Скендербег војувал и кога Гоце Делчев војувал, некои ги нарекувале предавници, но тие денеска се нашите херои, рече Груби,  алудирајќи на тоа што претставници од власта и владејачкото мнозинство беа нарекувани „предавници“ од противниците на договорот.

Според Груби, Македонија е на крстосница на која граѓаните треба да изберат дали се за дестабилизација или за Европа.

-Денеска навистина се раѓа сонцето на слободата, на еднаквоста, на припадноста, на исполнувањето на заедничкиот сон за евроатлантска Македонија. Дали некој од нас може да го смени правецот на ветерот? Не, но можеме да ги исправиме едрата кон вистинската дестинација, на Запад каде изгрева нашето сонце, предодредено од нашите преродбеници. Нашите деца утре ќе бидат под сенката на европското дрво кое го засадуваме денеска во Собранието, со лидерство и мисионерство. Тоа ние денеска го правиме, а утре секако ќе се разреди, а како за нас и следните генерации ќе се раздени, зависи како ние на денешен ден ќе сработиме. Денеска ми трепери срцето дека ја чувствувам Македонија како моја држава, рече Груби.

За дискусија се пријавени уште осуммина пратеници. Опозицијата не присуствува на седницата.

За Ратификација на Договорот потребно е да гласаат 61 пратеник.

Груби Заев Ратификација на дооворот со Грција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.