НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мини самитот на ЕУ за миграцијата нема да донесе конечно решение

0
By Нова ТВ on June 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел попладнево ќе пристигнат 16 лидери на земји членки на ЕУ за затворен состанок во Европската комисија, кој треба да ги исцрта линиите за преговорите за миграциските предизвици на Самитот на Унијата, што е закажан на 28 и 29 јуни.

Како што јави МИА од Брисел, на овој состанок не се очекува лидерите да излезат со конечен компромис, прво затоа што на состанокот на учествуваат сите земји членки, а потоа затоа што разликите помеѓу сите страни остануваат многу длабоки.

Земјите од Вишеградската група – Полска, Унгарија, Чешка и Словачка – кои се против секакво солидарно европско решение го бојкотираат состанокот, додека канцеларката Ангела Меркел во петокот најави дека  не очекува конечен компромис денеска, и порача дека најверојатно може само да се очекува склучување на билатерални или мултилатерални договори со земјите на надворешните граници на ЕУ, како Италија, Бугарија и Грција.

Франција, пак, вчера по средбата на претседателот Емануел Макрон со шпанскиот премиер, Педро Санчез, се изјасни за “колаборативни решенија“. Макрон предлага и финански санкции за земјите кои одбиваат да примат мигранти и бегалци на своја територија, алудирајќи пред сѐ на источноевропските земји.

– Не можеме да имаме земји кои масовно ја уживаат солидарноста на ЕУ, а притоа масовно се повикуваат на својот национален егоизам кога станува збор за миграциските теми, порача Макрон на прес конференцијата со Санчез.

Франција и Шпанија предлагаат „затворени центри“ на европско тло каде ќе бидат ставени мигрантите штом стигнат во ЕУ.

– Штом пристигнат на европско тло, поддржуваме сместување во затворени центри во согласнот со УНХЦР (Агенцијата на ОН за бегалци, нз),  со европски средства кои ќе овозможат непосредна финансиска солидарност; потоа брзо испитување на досиеата, европска солидарност за секоја земја да прими на организиран начин лица кои имаат право на азил, додаде францускиот претседател.

Нејасно е каде Мадрид и Париз би сакале да се етаблираат ваквите центри.

Франција смета дека само лицата кои имаат право на азил можат да останат во Европа, додека економските мигранти треба да бидат вратени во своите земји. Париз бара зајакнување на агенцијата ФРОНТЕКС, која ги „штити“ европските надворешни граници, како и создавање европска канцеларија каде ќе се централизираат сите барања за азил, за потоа да бидат распределени низ ЕУ оние лица кои добиле право на бегалски статус.

Освен земјите од Вишеградската група, кои одбиваат секакво солидарно решение, на Макрон му се спротиставува и новата италијанска влада, но од различни причини. Италија го носи најголемиот товар на миграцијата во последните години, откако се затвори балканската рута. Рим смета дека ниедна земја членка не е доволно солидарна кон Италија, иако Германија прими над еден милион мигранти. Додека пак Италија е обвинета дека не управува доволно ефикасно со барателите на азил кои пристигнуваат на нејзина територија.

Новиот министер за внатрешни работи на Италија од екстремно десничарската партија Северна Лига, Матео Салвини, го обвини Емануел Макрон за „лицемерие“, посочувајќи дека Франција не ги отвора своите пристаништа за бегалските бродови и ги протерува мигрантите на својата граница. Италија до последен момент планираше да го бојкотира денешниот неформален самит во Брисел, но се предомисли.

ЕК, која го свика состанокот, и која се обидува да ги постави основите за идниот компромис во согласност во правото на ЕУ, нема големи амбиции за исходот на денешната средба. Заклучоци нема да има денеска, ниту прес конференции, само куса изјава на претседателот Жан-Клод Јункер на крајот на состанокот.

Она што се очекува е дека учесниците денеска ќе дебатираат во главно за солидарноста помеѓу земјите членки и за квотите за распоредување на мигрантите, нешто што ќе треба потоа да се отвори повторно на претстојниот европски самит в четврток, во присуство на Орбан и неговите сојузници од Истокот, за дебата која несомнено ќе биде жестока.

Брисел ЕУ самит миграција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.