Според првите резултати на претседателските избори во Турција, актуелниот претседател Реџеп таип Ердоган води со 57,02 од гласовите, поп преброени 40 проценти од гласовите. Неговиот главен противкандидат Мухарем Инче освоил 28,3 отсто, објавија медиумите.
Неговата Партија на правдата и развојот на парламентарните избори што се одржуваат заедно со претседателските, од обработени од околу 19% освоила 49,93 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати. Излезноста на овие вонредни избори е 86,82 отсто, јави државната телевизија ТРТ.
Според листата со кандидати за предвремените претседателски избори во трката имаше шест кандидати: Догу Перинчек, Мерал Акшенер, Мухарем Инче, Ердоган, Селахатин Демирташ и Темел Карамолаоглу.
Новиот претседател на Турција ќе има широки овластувања што ги предвидува претседателскиот систем на управување со државата во која веќе нема да има позиција премиер.
За победа на претседателските избори кандидатот мора да освои надпросечно мнозинство гласови, а во случај тоа да не успее ниту еден кандидат, за 15 дена ќе биде одржан втор круг, во кој би влегле двајца кандидати кои имаат најмногу освоени гласови во првиот круг.
Ова се први избори одржани во вонредна состојба, која беше воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, и откако лани во јули се одржа референдум за воведување претседателски систем во земјата.
На парламентарните избори учествуваа осум партии обединети во две предизборни коалиции.
Едната е Народна алијанса (или Републиканска алијанса) составена од владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата на национално движење, а неофицијално е поддржана од Партијата на големо единство.
Другата коалиција е Сојуз за нацијата, составена од главната опозициска Републиканска народна партија , Добра партија и Партија на среќата, а неофицијално ги поддржува Демократската партија.
На изборите покрај партиите од двете големи коалиции учествуваат и други три партии – турската прокурдска Народна демократска партија и Татковинската партија и Партијата Худа-пар.
Во согласност со законските измени, турскиот Парламент во иднина ќе има 600, наместо 550 пратеници.
Претседателот и пратениците се бираат со мандат од 5 години.