Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инциденти во Солун: Петмина приведении 14 повредени полицајци

1
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ANA MPA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 12:03

Околу три часа траеја инцидентите во Солун поради политичката дискусија „Македонското прашање: Придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јавија локалните медиуми.

Пет лица се уапсени, 14 полицајци биле пренесени во болница за да им се пружи прва помош, а предизвикана е материјална штета околу Меѓународниот саем, во центарот на Солун.

Група маскирани лица, беа спречени да влезат во објектот на солунскиот саем, каде што се одржи дискусијата и ја нападнаа полицијата со палки, дрва, мермер, камења, ја откорнаа метална заштитна ограда, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.

Подоцна, инцидентите се префрлија низ улиците на Солун, а маскираните лице запалија канти за отпадоци.

Паралелно со инцидентите, група граѓани од „Движењето свирам“, мирно протестираа со грчки знамиња, свирчиња и слогани дека Македонија е грчка.

Со оглед на тоа дека навивачите на фудбалскиот клуб ПАОК, повикаа на протест и се заканија дека нема да дозволат да се одржи настанот, од СИРИЗА преку соопштение бараат фудбалскиот клуб да ги осуди инцидентите.

– Инцидентите што се случија пред настанот на СИРИЗА во Солун не ги изразуваат ниту граѓаните на Солун, ниту било кој демократски граѓанин, ниту било кој здрав навивач на клуб, соопштуваат од СИРИЗА.

Пратеникот на СИРИЗА од Солун Триандафилос Митафидис, пак, кусо пред почетокот на дискусијата рече дека договорот е пораз за национализмот и во Грција и во Македонија, а победа на здравиот разум и на развојот на односите меѓу двете земји кои апсолутно ништо не ги разделува.

Како што јави МИА од Грција, и покрај инцидентите и солзавецот пред објектот, дискусијата се одржа.

Првично, беше планирано настанот да се одржи во културен центар, но од безбедносни причини локацијата беше променета и презакажан за просториите на меѓународниот саем.

СИРИЗА организираше дискусија во Солун, за на граѓаните да им ги презентира придобивките од потпишаниот договор, додека пак како реакција и во знак на несогласување, навивачите на ПАОК, но и членови на солунско движење најавија протест.

дебата инциденти Сириза Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.