НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Освен НАТО, ниедна алтернатива не е добра за Македонија

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен НАТО, сите други алтернативи не се добри за Македонија. Малите држави влегуваат во сојуз со големите држави, ако си мал не можеш да опстанеш, смета националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски кој денеска говореше на дебатата „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“ во Институтот за стратегија и развој.

Договорот со Грција за решавање на спорот со името, Пендаровски го оцени како најдоброто нешто што можевме да го имаме во овој политички контекст.

– Од една страна имавме посилен противник, со сите ресурси и со сета своја дијаспора, и од друга страна излеговме од десетгодишен автократски режим што ја руинираше и ја отежна преговарачката позиција, оцени Пендаровски.

Во врска со претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за Договорот со Грција, и дали ќе се менува цензусот, тој смета дека “не е добро да се менуваат изборните правила во очи на самиот настан“.

– Референдумското прашање, формулацијата, прво треба да биде решено во Парламентот. Натаму треба да се реши каков ќе биде типот на референдум – дали ќе биде задолжителен или консулативен, кој навистина ќе учествува во референдумот. Било каков облик на референдум да биде избран, одлуката што ќе ја донесат граѓаните ќе биде задолжителна, смета Пендаровски.

Доколку евентуално на референдумот граѓаните се изјаснат со „не“ за Договорот со грција, Пендаровски смета дека во тој случај преговорите ќе продолжат во идно време, со друга генерација на политичари.

Смета дека потегот на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, бил очекуван.

Тој подетално се осврна на придобивките од влезот во НАТО, за соработката на земјава со Алијансата и за нејзиното присуството во Македонија уште од конфликтот во 2001, со свои три мисии.

Пендаровски, во тој контекст рече дека благодарение на размената на разузнавачки информации со земјите од Алијансата, на територијата на Македонија се спречени два напада во изминатите 18 месеци, како и еден напад во еден голем западноевропски град е спречен откако македонските служби добиле податок од повратник од Сирија.

Коментирајќи го руското влијание врз македонската политичка сцена, вели дека руското присуство е засилено во изминатите три години и тоа е неспорно и легитимно, но сега првпат се јавуваат партии во земјава кои се декларираат проруски.

Смета дека земјава треба да гледа каде е нејзиниот стратешки интерес и оти влезот во НАТО нема да претставува ниту загрозување, ниту закана за Русија.

дебата НАТО Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.