-Ги поздравувам вчерашните заклучоци на Советот за општи работи за отворање на патот за преговори за пристап со Албанија и Македонија. Сакам да им честитам на двете земји за напредокот постигнат во агендата за интеграција во ЕУ. Тие заслужуваат јасна порака за започнување на преговорите за пристап, се вели во денешната реакција на Едуард Кукан, европратеник и ко-претседавач на процесот на дијалог на Жан Моне со Собранието.
Во писмената изјава, Кукан потсетува дека на двете земји им била дадена една година да дојдат до преговарачката маса, што според него ја одразува внатрешната дискусија на Советот за процесот на проширување на ЕУ. Тој изразува целосна поддршка за Албанија и за Македонија во овој процес и истакнува дека верува во нивната посветеност на реформската агенда.